Рубрика: Автомобилска техника
Управување со сите четири тркала
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11-12/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Некако, како да не помислуваме дека кај автомобилите, можат да бидат управувани едновремено сите четири тркала. По инерција, како да е вообичаено и крајно нормално и логично управувањето на автомобилот да е реализирано само со предните две тркала. Навистина, за лаик е невообичаено сите четири тркала да се управувачки. Но ние во оваа пригода ќе навлеземе малку подлабоко во управувањето со автомобилот и начелно ќе го разгледаме и ќе се запознаеме со управувањето на автомобилот со сите четири тркала.

Под управување со автомобилот ќе подразбираме способност на автомобилот за маневрирање, како и движење по произволна траекторија, односно пат по кој може да се вози и право и во кривина. Вообичаено, класично или стандардно решение за обичните автомобили е управувањето да е реализирано со можност за завртување само на предните тркала. При ова се добива некое задоволително и евтино решение погодно за обичниот автомобил од кој не се бараат некои повисоки управувачки перформанси. Секако, доколку од автомобилот се бараат високи маневарски способности, како и висока стабилност во свијоци, се прибегнува кон управување со сите четири тркала. Тука би напомнал и дека сè што ќе биде кажано во продол-жение на текстов исклучиво се однесува за автомобилите со вкупно четири тркала, т.е. две оски.

Клучни зборови:

Спротивно (лево) и истонасочно (десно) завртување на задните тркала во однос на предните.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.