Рубрика: На граница на науката
Мистеријата наречена НЛО (12. дел)
Автори: Стојмир Симјаноски, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Покрај планетата Марс, можни кандидати за евентуален живот се и Сатурновиот сателит Титан и Јупитеровиот Европа.

Една од најинтересните теми за размислување и мечтаење секако е можноста за постоење вонземен живот, по можност разумен, па уште и контакти со него, па уште и да личи на Џејн Фонда (филмот "Барбарела") или Ким Бесинџер ("Мојата маќеа е вонземјанин")... Сериозно, темата вонземен живот е на менито на секој интелектуалец гладен за интелектуална храна. Дискусиите за можноста за појава на вонземен живот, условите кои се потребни, патиштата на нивната еволуција итн. се едни од ретките случаи каде секој може да биде во право, независно од тезата која ја застапува. Еве две различни размислувања на оваа тема...

Стојмир Симјаноски: „Ако раѓањето и одржувањето животот на Земјата го должиме на Земјината гравитација која била доволно јака да задржи атмосфера, Земјиниот магнетизам кој ги штител живите организми од убиствените космички зраци, поволната оддалеченост на Земјата од Сонцето и навалената оска, тогаш еволуцијата на животот на чиј врв застанал човекот како круна на една долга трансформација, ја должиме на размножувањето и селекциите, мутациите и адаптациите, бидејќи денес е сосема јасно дека повеќе од 99% од сите животни форми што се појавиле досега исчезнале токму поради тоа што не можеле да се приспособат.

Без разлика на спротивставените научни мислења за раѓањето и еволуцијата на животот, прашањата за суштината на животот станало уште попровокативно откако австрискиот научник д-р Вилијам Рајх, во минатиот век изјавил дека открил нова форма енергија за која рекол дека е суштинската сила на животот која се создавала како интеракција помеѓу сончевите зраци и живата материја, односно дека ја зрачат сите живи организми. Оваа чудна енергија Вилијам Рајх ја нарекол оргон и мислел дека само со нејзина помош групите атоми од мртвата материја можат да се трансформираат во жива материја и понатаму со помош на психоеволуција да се развијат во разумни суштества. Всушност, оргонот наеднаш како да станал клучната алка што недостасувала при објаснувањето на настанокот на животот, бидејќи дотогаш никој од научниците не успеал да докаже како се случил некогаш во зората на животот преминот од нежива во жива материја, кој биопроцес се случил еднаш и престанал засекогаш пред околу четири милијарди години.

 

Дали вака би изгледале хипотетични силиконски животни форми на некоја планета?

....

Меѓународниот астрономски центар и Меѓународната академија за астронаутика во 1987 г. во унгарскиот град Палатонфиред организирале научен собир на тема: “Биоастрономија, следни чекори” на кој собир учествувале многу познати научни имиња и проучувачи на егзобиологијата и феномените на НЛО. На собирот зборувал и професорот по биологија од Њујоршкиот универзитет, д-р Р. Шапиро, кој изјавил дека: “Хипотезата за универзалноста на животот заснована само на јаглерод претставува една од штетните догми кои го сопираат напредокот на астробиологијата”. Р. Шапиро тогаш ги изложил своите замисли за класификацијата на можните форми на живот во вселената, кои според него би биле:

1. Плазмоиди, кои би се наоѓале во атмосферите на планетите и на ѕвездите;
2. Радиоби, суштества кои би живееле во меѓуѕвездените облаци и
3. Лавоби, форма на живот која би се базирала на силициум, односно на силикони.

И оваа необична хипотеза би можела нужно да објасни само некои од многуте прашања за загатките на НЛО феномените, макар што основното прашање и понатаму останува неодговорено.“ ...

 

Владимир Филевски:  „Не можеме да предвидиме какви сѐ можни форми на живот би можеле да настанат на некои други планети, далеку од нашиот Сончев систем. Ние го познаваме само животот настанат врз основа на одредени јаглеродни соединенија, кој живот се развива само во температурниот опсег од 0 до околу 100oC, но веројатно е дека се можни и други основи за појава на живот, на пример, силициумски соединенија при повисоки температури, или, пак, нешто многу поразлично. Дури и да станува збор за живот врза база на истите наши познати јаглеродни соединенија и врз истиот температурен опсег од 0 до 100 oC, еволуцијата на некој друга планета сигурно ќе тргне по некоја своја, сосема друга патека од нашава, така што би биле многу зачудени од различноста на тие живи организми во однос на овоземните. Наводно видените вонземјани (“НЛО-наути”) “сведоците” ги опишуваат како многу слични на луѓето (само со поголема глава), но таквата случајна сличност е малку веројатна, така што овие “сведоштва” се премногу сомнителни. Зошто тие вонземјани не би личеле на, да кажеме – прасе, кенгур, мечка или лав (само со поголема глава J), ама исправени на задните нозе и со раце и прсти наместо предните шепи? Наместо тоа, наводно се забележани неколку различни раси вонземјани, сите сомнително слични на луѓето! Неверојатно!

Покрај планетата Марс, можни кандидати за евентуален живот се и Сатурновиот сателит Титан и Јупитеровиот Европа.

...

Основната карактеристика на животот – размножувањето, односно реплицирањето на основниот генетски код кај вонземните живи форми сигурно не би бил базиран врз истата (или слична) форма и состав на ДНК спиралата (тоа би била апсолутно неверојатна коициденција!), туку би имал некоја сосема друга форма, структура и состав. Сепак, би можеле да поставиме некоку основни насоки во размислувањето за настанокот и еволуцијата на вонземниот живот. Настанокот на вонземниот живот на некоја планета би можел да се случи и во нејзините мориња или езера (вода или некоја друга течност) – слично како на Земјата, или во нејзината атмосфера – ако е доволно густа (многу погуста од онаа на Земјата). Таквиот аериален или ликвичен живот би можел да се развива до одредено ниво, но тешко дека би направил квантен скок и би се развил до ниво на разум и цивилизација способна да се вивне во вселената. За такво нешто е неопходна непосредна интеракција на живите организми со цврстата материја на површината. Топењето на рудите и производството на легури потребни барем за почетните чекори во вселената (ракети, или “летачки чинии” J) апсолутно се невозможни ако животот не еволуирал во сувоземна форма, способна со “раце” (или некој друг вид екстремитети) и со развиен ум да направи оган и да топи метали и прави разни легури, а и да произведува многу други материјали, на пример, најлон за чорапи за перките или пипалата на понежниот (или можеби погрубиот?) пол (или можеби полови?), или – полиетилен, номекс, дакрон и кевлар за астронаутските одела. Металургијата и технолошките процеси за неорганска и органска хемија се невозможни во течна или гасовита животна средина (како ќе запалите огон во вода или во течен метан?), така што заборавете ги сите оние симпатични (и несимпатични) течни, гасовити, плазматски, “енергетски” и разноразни други измислени егзотични форми на вонземјани од SF филмовите и книгите. Оние вонземни разумни суштества, кои во моментов истражуваат некаде низ вселената (а можеби и во нашава галаксија), сигурно се сувоземни, или поточно кажано – сувоповршински (J) форми на живот, и тоа со екстремитети (“раце”) кои имаат барем два “прста”.” ...

 

Во овој фељтон мистеријата наречена Неидентификувани Летачки Објекти (НЛО, UFO) ја расветлуваат најпознатиот македонски уфолог Стојмир Симјаноски, кој ја застапува тезата за постоење НЛО и нивното вонземно потекло, и "дежурниот скептик" Владимир Филевски, кој апсолутно го негира тоа. Концептот на овој фељтон го има следниов облик: прв е текстот на Симјаноски, потоа одговорот од Филевски, а на крај евентуалната реплика од Симјаноски, на која Филевски нема право на контрареплика. Веруваме дека ваквиот концепт ќе предизвика голем инетес кај читателите, за кои очекуваме активно да се вклучат во оваа полемика!

 

Клучни зборови:
Покрај планетата Марс, можни кандидати за евентуален живот се и Сатурновиот сателит Титан и Јупитеровиот Европа.

Покрај планетата Марс, можни кандидати за евентуален живот се и Сатурновиот сателит Титан и Јупитеровиот Европа.

Покрај планетата Марс, можни кандидати за евентуален живот се и Сатурновиот сателит Титан и Јупитеровиот Европа.

Покрај планетата Марс, можни кандидати за евентуален живот се и Сатурновиот сателит Титан и Јупитеровиот Европа.

Дали вака би изгледале хипотетични силиконски животни форми на некоја планета?

Дали вака би изгледале хипотетични силиконски животни форми на некоја планета?

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.