Рубрика: На граница на науката
Мистеријата наречена НЛО (1. дел)
Автори: Стојмир Симјаноски, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали постојат вонземни космонаути кои со "летачки чинии" крстосуваат низ вселената и ја посетувале и сé уште ја посетуваат нашата планета Земја? Дали многубројните сведоштва за Неидентификувани летачки објекти (НЛО) се доволен доказ? Со овој фељтон во 12 продолженија ќе се обидеме да ја расветлиме мистеријата наречена НЛО. За тоа ќе се погрижат нашиот најпознат уфолог, г. Стојмир Симјаноски, кој ја застапува тезата за постоењето на НЛО, и нашиот resident science DJ Владимир Филевски, кој апсолутно го негира постоењето на "летачки чинии"! Концептот на овој фељтон го има следниов облик: прво оди текстот на уфолог Симјановски, па следува коментарот од "скептикот" Филевски, а на крај доаѓа евентувалната реплика од С. Симјановски, на која В. Филевски нема право на контрареплика. Веруваме дека ваквиот концепт на овој фељтон ќе предизвика голем интерес кај читателите и очекуваме многумина од вас активно да се вклучат во оваа полемика!

С. Симјаноски: Една од најголемите и најфантастичните, најоспоруваните и најпроучуваните, најзаташкуваните и, веројатно, најкриените загатки на вековите која секој ден станува колку поинтересна и понеизвесна, толку попровокативна и пошпекулативна, секако дека е загатката со секогаш присутниот, а никогаш докажан, секогаш испитуваниот, а никогаш доразјаснет феномен НЛО (неидентификуван летачки објект). Можеби појавата на НЛО немаше да биде толки проблематична, ако тие НЛО не се поврзани со најсуштинското прашање, а тоа е: дали сме сами на Земјата и во вселената и дали некој од некаков свет нè посетувал и нè посетува, односно кој тоа постојано го крстосува нашето небо и што се тие недофатливи и несфатливи НЛО? Кога еднаш со нив ќе се случи некаква вистинска средба и кога тие НЛО ќе добијат верификувано научно објаснување, па да знаеме и кои се и од каде се, зошто толку ја облетуваат нашата планета и, најпосле, доколку го дознаеме тоа, што ќе биде потоа  со нас и со оваа наша цивилизација?...

В. Филевски:Една од најнеинтересните, најпреџвакани и ачик најоткриени теми е секако онаа за НЛО. Приврзаниците на теоријата за постоењето на “летачките чинии” овде, на Земјата, своите верувања ги базираат врз сомнителни сведоштваи погрешни полуинформации, а не врз некој цврст доказ! Притоа, самите љубители на “летачките чинии” многу често дополнително ги замаглуваат работите, како, на пример, со дефиницијата на НЛО, со која сакаат да ги опфатат сите нејасни појави на небото – нејасни за нив, но јасни за останатите луѓе!...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.