Одлемувањето е термичко-механички процес на отстранување на калајот од лемното место и раздвојување на компонентите, жиците или другите залемени материјали. Се користи при замена на неисправни електронски компоненти или компоненти при редизајнирање, одлемување на жици, конектори, тела за ладење итн. Во принцип, полесно е да се научи процесот на одлемување отколку процесот на лемење, но, сепак, поради некои свои специфичности, овој процес не треба да се потценува. Прочитајте и уверете се.