Рубрика: Металство и машинство
Рачно електролачно заварување со обложени електроди
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Спојувањето на металите со помош на заварување е постапка која многу често се користи во индустријата, но и во домашни услови. Незамислива е изведбата на разни метални конструкции, машини и уреди без користењето на постапката на заварување. Се користи при изведбата на разни конструкции: огради, тенди, врати и слично. Најчесто употребувана постапка е, секако, рачно електролачно заварување со обложени електроди. Претпоставувам дека многу од вас (нас) се нашле во ситуација да го позајмат апаратот за заварување од пријателот и да се обидат сами да завршат некоја помала работа (а зошто да не и поголема). Овој напис е наменет за сите почетници и ентузијасти-заварувачи кои прв пат (или барем втор пат) се среќаваат со постапката заварување.

Што е, всушност, електролачно заварување? Еве една основна дефиниција за оваа постапка. Електролачното заварување претставува постапка на сврзување на два или повеќе метални делови со додавање на дополнителен растопен материјал, при што за топењето на дополнителниот материјал се користи електричен лак. При ова се постигнува геометриски и хемиски континуитет на материјалот кој не може да се постигне со ниедна друга постапка освен со заварувањето. Историски гледано, првата постапка на создавање на електричен лак е изведена 1885 година во Русија, при што се користеле јагленородни електроди. Всушност, користена е јагленородна електрода од една страна, која била поврзана со негативниот пол, додека работниот предмет ја претставувал другата електрода и бил поврзан со позитивниот пол на изворот на струја. Електричниот лак кој се создавал се користел за топење на дополнителен материјал. Со понатамошниот развој на постапката јагленородната електрода била заменета со метална електрода, која во процесот на создавање на електричниот лак истовремено се топела и служела како дополнителен материјал. Подоцна голата електрода е заменета со обложена електрода, при што се добила многу поквалитетна заварена врска..

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.