Емитер 12/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Фрикционото заварување е постапка на спојување метали при што не се користи класична опрема за заварување, ниту пак дополнителен материјал. Целокупната постапка се заснова на фрикција (триење) на двете тела меѓу себе, развивање температура и притисок помеѓу двете загреани тела. Како се изведува заварувањето, кои се неговите предности и недостатоци во однос на класичните начини на заварување, ќе се обидеме да ги објасниме во овој напис.
Од самото име се забележува за каков тип заварување станува збор и како се изведува тоа. Всушност, постапката на заварување се изведува со помош на фрикција (триење) меѓу двете парчиња. На прв поглед, постапката на заварување изгледа како некоја новина, но фрикционото заварување датира од многу поодамна, т.е тоа е првиот начин на спојување на две железни парчиња. Во нашата држава, некаде во 50-тите години на минатиот век, во ковачниците ова заварување било едно од главните постапки на заварување на два метала. Постапката на заварување била изведувана на тој начин што двете парчиња биле загревани до црвено усвитување, а потоа поставени едно врз друго биле удирани со чекан, па така настанувала фрикција меѓу двете парчиња железо, зголемување на температурата и притисок од удирањето, со што се постигнувало спојување на двете парчиња железо.
Поради мошне напорната изведба на ова спојување, овој начин веќе не се применува т.е. се користат поновите методи на заварување. Модерното фрикционо заварување се изведува со специјални машини за таа намена. Фрикционото заварување првенствено е дизајнирано да ги задоволи потребите за заварување алуминиум, но поради многубројните предности во однос на класичните начини на заварување, брзо се распространува и за другите материјали. Машините за изведба на фрикционото заварување се всушност многу слични на машините за двооскино стругање (стругови-дребонзи) и на машините за триоскино глодање (центри).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.