Електроника

Во овој напис е опишан метод за регулирање на брзината од еднонасочен мотор со четкички, со мерење на актуелната брзина според Back EMF методата и управување со PID-контрола. За контролна единица употребен е DSP-процесорот MC56F8322, кој се одликува со хардверски блокови приспособени за управување на мотор во различни режими на работа и разни типови на контрола.


Роботика

Исто како и минатата година и оваа година екипа од ФЕИТ го освои првото место на меѓународниот натпревар "Хардвер и софтвер". Овој пат златото е освоено со проектот за автономен робот за играње друштвена игра, поконкретно – роботска рака која автономно игра (и победува) во играта "Поврзи 4".


Информатика

Колку е моќен вашиот телефон? Пред само една деценија ова прашање ќе беше бесмислено, но како што сè повеќе расте нашата зависност од таблетите и од паметните телефони во секојдевниот живот, така сè повеќе има смисла обрнувањето внимание при нивниот избор. Повеќето од современите уреди од овој тип достапни на пазарот доаѓаат со горе-долу сличен дисплеј и сите имаат сличен изглед, налик на чоколадна штангла :-).


Астрономија и астронаутика

Според досега актуелната хипотеза, Сатурновите прстени се релативно "млада", подоцнежна творба, формирана од распаѓањето на некоја заталкана комета пред само 100 милиони години. Но, во најново време една американска екипа астрофизичари излегле со радикално спротивно решение за потеклото на Сатурновите прстени, според кое прстените се формирале приближно во исто време кога се формирала и самата планета, т.е. пред околу 4,5 милијарди год., со распаѓањето на еден Сатурнов сателит!


Омнибус

Можеби сме престари за да веруваме во Дедо Мраз, но сепак подароците кои "тој" ги става под елката нè веселат и нè радуваат. И спонтано ни ги будат спомените на едни поубави времиња, кога верувавме и ја чувствувавме магијата, кога новогодишните празници ни беа едно сосема поинакво доживување.


На граница на науката

Пред некоја година, во жолтиот печат се пронесоа гласови за наводно сигурни предвидувања за неминовна глобална катаклизма која ќе ја зафати целата планета на 21.12.2012 година. Оваа масовна хистерија достигна светски размери и се прелеа и кај нас, па затоа одлучивме да направиме серијал во кој детално ќе ги разгледаме сите аспекти на овие наводи за блиската апокалипса.


Металство и машинство

Фрикционото заварување е постапка на спојување метали при што не се користи класична опрема за заварување, ниту пак дополнителен материјал. Целокупната постапка се заснова на фрикција (триење) на двете тела меѓу себе, развивање температура и притисок помеѓу двете загреани тела. Како се изведува заварувањето, кои се неговите предности и недостатоци во однос на класичните начини на заварување, ќе се обидеме да ги објасниме во овој напис.


Аудио и видеотехника

Малата камера GoPro HERO3 е наменета за професионалци-почетници од помладите генерации. Според познавачите на овој тип опрема, во моментов е без конкуренција поради цената и перформансите. Притоа има убав, футуристички дизајн, малата кутија во која е сместена електрониката е проѕирна и се гледа целата содржина на камерата. Наменета е пред сè за спортски и авантуристички настани но може да се употреби и за снимање прослава во домашен амбиент.


Астрономија и астронаутика

Користејќи податоци од метеоролошки сателит, научниците обелодениле ноќна слика на површината на Земјата.


Металство и машинство

Секојдневно сме опкружени со технички направи, машини и возила за секојдневна употреба и во т.н. нормални услови на нивно користење. Некако се привикнуваме на нив и ги сметаме за нормални по својата големина.


Електроника

Бас-експандерот кој го објавивме во претходниот број побуди голем интерес кај читателите. Неколкумина од нив се обратија до редакцијата со желба да објавиме решение во кое овој уред ќе се напојува со симетричен напон од засилувачот во чија кутија ќе биде вграден. Ние во редакцијата ја прифативме идејата, па во текстот што следува целосоно е опишана таква модифицирана верзија на бас-експандерот.


Информатика

Корпорацијата Интел неодамна ги претстави новите производи од линијата Intel Atom S1200, кои се први системи на чип (SoC) со ниска потрошувачка во светот за микросервери со голема густина, како и нова класа енергетски ефикасна опрема за складирање и комуникација. Микропроцесорот со ниска потрошувачка и индустриска сила содржи витални способности за да достигне серверско ниво на доверливост, лесно управување и заштеда.


Електроника

Во претходното продолжение разгледавме неколку видови A/D конвертори, а во овој напис оваа тема ќе ја заокружиме со опис на последните два типа: A/D конвертор со следење на патеката на аналогниот сигнал и Интегрирачки A/D конвертор.


Електроника

Во алејата на легендите од аналогната електроника како да снемува здив. Боб Вајдлар (Bob Widlar) – таткото на μA709 и на легендарното μA741, Боб Пис (Bob Pease) – творецот на LM331 и LM337 и Ханс Камензинд (Hans Camenzind) – создателот на NE555, веќе не се меѓу нас


Информатика

Интересен, едноставен, полн со опции и со прифатлива цена – тоа е кусиот опис на новиот модел на принтер на HP. Ако го додадеме кон тоа и одличниот квалитет на отпечатоците, јасно е дека пред нас е модел кој има шанси да стане вистински хит!


Електроника

При градбата на некој електронски уред, и покрај деталните проверки се случува да превидиме некоја грешка. При вклучување на напојувањето, може да протече релативно голема струја и да дојде до оштетување на некоја електронска компонента (вообичаено најскапата :(), а во некои случаи и на водовите на ППК.


Информатика

Solid – State дисковите (SSD) полека но сигурно го заземаат своето место на пазарот за компјутери. Многу компании се обидуваат да направат производ кој ќе ги исфрли на врвот, што, со оглед на предноста на SSD-дисковите во однос на традиционалните тврди дискови, воопшто не е за чудење. Компанијата Corsair, пак, од друга страна, веќе се здоби со добра репутација кога се работи за производство на овие дискови.


Информатика

Intel Xeon Phi претставува кулминација на долгогодишните истражувања и соработка со истакнати компании. Најновиот копроцесор на Интел, кој на пазарот ќе се појави во почетокот на 2013 година, ќе донесе драстично зголемување на процесирачката моќ и поголеми можности на истражувачките центри за податоци, кои спроведуваат истражувања и симулации во сите витални сфери.


Физика

Тајната на успешното градење замоци од песок е количината вода измешана со песокот. Доколку истураме сув песок врз сува почва, купот добива конусен облик бидејќи песочните зрна не се врзуваат меѓусебно. Од друга страна, не чини и да го навлажниме песокот премногу, бидејќи повторно не се добива добра кохезија. Фелипе Пачекоо-Васкес, Флоријан Моро и нивните колеги од Универзитетот во Лиеж се заинтересирале да откријат кои се оптималните услови за кохезија помеѓу зрната песок.


Информатика

Дојде и тоа време од годината кога без никаква причина сме добро расположени, сè ни е убаво и мило без некоја особена причина, а за сево ова го имаме и вообичаениот изговор "идат Нова година и Божик". Некој намќор можеби ќе каже "не и оваа година – апокалипсата е закажана за 21-ви декември", но јас сепак повеќе им верувам на колегата Филевски, НАСА и на здравиот разум по ова прашање.


Медицина

Наночестичките веќе подолго време се топ-тема и во медицинските журнали. Од средината на деведесеттите години, кога првпат стана збор за дијагностика или третман на болестите со помош на наночестички, до денес бројот на научни медицински трудови во кои се предлага ова е повеќекратно зголемен.


Аудио и видеотехника

Играјте игри и гледајте филмови во 2D и 3D колку што сакате, кога сакате и гласно колку што сакате. Никој нема да се пожали ни да ве прекори. А тоа што можеби ќе им изгледате како г. Ла Форџ од "Ѕвездени патеки" воопшто нека не ве засега!


Аудио и видеотехника

Сакате да бидете снимател? Убаво. За да можете да бидете тоа не е доволно да имате само желба, ниту е доволно да сте едуциран. Потребни се и овие 7 алатки кои ќе ви овозможат да се справите со секој предизвик или ситуација.


Астрономија и астронаутика

Најновите опсервации на вселенската сонда "МЕСИНЏЕР", која орбитира околу планетата Меркур, ја потврдиле претпоставката на астрономите стара 2 децении, според која во поларните региони на Меркур има локација богата со замрзната вода!


Електроника

Честите варијации на мрежниот напон поради варијабилноста на оптоварувањето, најчесто можат да доведат до пореметување во работата на некои електрични уреди во домаќинството или некои електронски уреди. Ако не можеме да вршиме влијание врз висината на мрежниот напон, пожелна е барем негова индикација, за во вистински момент да го исклучиме потрошувачот. Опишаниот уред за индикација на висината на мрежниот напон е едноставен, функционален, точен и осветлен.


Електроника

Поевтините дигитални мултиметри најчесто мерат само напон, струја и отпор, а малку поскапите можат да мерат и фреквенција, капацитет и индуктивитет. Тоа значи дека во нискобуџетните категории дигитални мултиметри, какви што имаат повеќето електроничари-почетници и хобисти, ретко може да се најде опцијата за мерење температура.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Омнибус

Слоеви од црвени карпи во поларната капа на Марс;
Ветерници безопасни за птици;
Блиску до колевката на ѕвездите;
Ден на иновации во организација на МАСИТ;
Трибина против загаденоста на воздухот;
Најдобриот млад научник за 2011 пред студентите од техничките науки;
Полната месечина во две изданија;
Неуништлива мемориска картичка;
Егзопланета во квартарен ѕвезден систем;
Соларни панели направени од трева;


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.


Писма
Постапка за прво пуштање сопствен систем за парно греење
Неисправен или фалсификуван LM338T?
Полнач на акумулатори од компјутерско напојување
Изводи на релејот