Рубрика: Астрономија и астронаутика
Мраз на Меркур!
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Најновите опсервации на вселенската сонда "МЕСИНЏЕР", која орбитира околу планетата Меркур, ја потврдиле претпоставката на астрономите стара 2 децении, според која во поларните региони на Меркур има локација богата со замрзната вода!

Замрзната вода на најжешката планета во Сончевиот систем!? Тоа можеби изгледа неверојатно поради близината на Меркур до Сонцето, но, некои фактори тоа сепак го овозможуваат. Имено, инклинацијата (наведнатоста) на Меркуровата оска на ротација во однос на рамнината во која тој орбитира околу Сонцето изнесува речиси "нула" степени (помала е од 1 агловен степен), па на Меркуровите полови сончевите зраци секогаш паѓаат на површината под агол од 0 степени. Згора на тоа, Меркуровата површина е изрешетана со многубројни кратери, како ниедно друго тело во Сончевиот систем (освен Месечината), па многубројните такви "џебови" во неговите поларни зони никогаш не виделе сончева светлина, туку тие се наоѓаат во вечна сенка. Знаејќи го тоа, научниците уште од порано размислувале дали во тие "џебови" може да има замрзната вода и други замрзнати испарливи супстанции.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.