Рубрика: Астрономија и астронаутика
Мапа на интерстеларниот гас во нашата галаксија
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Орбиталната опсерваторија "Хершел" (Herschel) ја мапираше распределеноста на меѓуѕвездениот гас во нашата галаксија, суровина од која се раѓаат нови ѕвезди, детектирајќи го истовремено и неговото вкупно количество.

Меѓуѕвездениот (интерстеларниот) гас е важна компонента во составот на секоја галаксија, бидејќи тој служи како суровина за продукција на нови генерации ѕвезди, и со тоа за обнова на ѕвездената популација во галаксиите. Имено, ѕвездите се формираат од молекули во облаците од меѓуѕвездениот гас во кој доминантна компонента е водородниот гас (H2), живеат согорувајќи го него, и на крај, кога ќе го потрошат сето свое гориво, умираат, па затоа е нужна перманентна обнова на нивната популација.
Но, колкави се резервите од меѓуѕвездениот гас, суровината од која се раѓаат новите ѕвезди?

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.