Рубрика: Астрономија и астронаутика
Нов начин за истражување на далечни галаксии
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Група истражувачи од опсерваторијата Pan-STARRS на Хавајските Острови детектирала "ултрасјајна супернова" на рекордна далечина од 9,5 милијарди светлосни год. и ја искористила за истражувања на структурата на меѓуѕвездениот гас во галаксијата во која таа припаѓа, што претставува демонстрација на нов начин за студирање на далечните галаксии.

Една меѓународна истражувачка екипа, раководена од Едо Бергер, астроном на Харвардскиот Универзитет, детектирала т.н. "ултрасјајна супернова" (ultra-luminous supernova), во галаксија оддалечена од нас 9,5 милијарди светлосни год.! Детекцијата е направена со набљудување од опсерваторијата Pan- STARRS (Panoramic Survey Telescope and Response System), панорамски истражувачки телескоп, стациониран во Haleakala на Хавајските Острови. Откритието е особено значајно од два аспекта: од една страна, бидејќи тоа се однесува на детекција на посебен вид супернова, во досега најдалечна галаксија, а од друга страна, бидејќи екипата истражувачи ја употребила таа супернова како "алатка" за истражување на структурата на меѓуѕвездениот гас во таа галаксија, гас кој со текот на еволуцијата го ослободуваат ѕвездите, па тој е присутен во сите галаксии. Тоа е прва таква досега направена студија, којашто се покажа применлива за истражување на многу далечни галаксии! Но, да одиме по ред!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.