Рубрика: Астрономија и астронаутика
Смртта на една ѕвезда
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Фотографија на суперновата SN 1987A направена од англо-австралиската опсерваторија

Годинава се навршуваат 20 години од една многу силна експлозија на ѕвезда, која блесна со сјај поголем од сјајот на 100 милиони сонца. Орбиталниот телескоп Хабл сé уште испраќа слики од остатоците на таа експлозија, кои покажуваат досега невидени детали за "смртта" на ѕвездите.

На 23 февруари 1987 година, по релативно долго патување од 163 илјади години, на Земјата стаса блесокот на  супернова наречена SN 1987A, која се случи во Големиот Магеланов облак, сателитска галаксија на нашата галаксија, Млечен Пат. Тоа беше експлозија на “бинарна” (двојна) ѕвезда, која блесна со досега најголем блесок, по суперновата забележана во 1604 год. од познатиот Јохан Кеплер, во време кога сè уште не беше пронајден телескопот. Блесокот на SN1987A пред 20 година беше “уловен” од англо-австралиската опсерваторија. На таа слика, десно, гледаме дека пред да експлодира ѕвездата беше ненаметлива помеѓу илјадници други ѕвезди во Големиот Магеланов облак, додека по нејзината експлозија, таа доминираше со својот сјај. Годинава, токму две децении по нејзиното блеснување на Јужното небо над Земјата, просторот околу ѕвездата која екплодира сè уште е под дејство на “огномети”.

Остатоците од SN 1987A се покажуваат како светлечки прстен кој со текот на времето го засилил својот сјај. 

Околу механизмот кој ја активира експлозијата (супернова) на некоја ѕвезда, научниците претходно долго време дебатирале, меѓутоа пред SN 1987A  нивните процени биле темелени само врз основа на општи показатели. Зацртаниот теоретски модел беше дека гигантските ѕвезди кога ќе го исцрпат своето “гориво” (водородот), колапсираат во себе продуцирајќи ударни бранови, кои го отфрлаат надворешниот слој на ѕвездите преку експлозија (супернова), оставајќи зад себе неутронски ѕвезди, еден ултрагуст ѕвезден остаток, кој пулсира со одредена радиофреквенција (ЕМИТЕР 10/04: “Неутронски ѕвезди”). Но, SN 197A им донесе на научниците некои изненадувања.

Клучни зборови:
Фотографија на суперновата SN 1987A направена од англо-австралиската опсерваторија

Фотографија на суперновата SN 1987A направена од англо-австралиската опсерваторија (лево). Пред да експлодира, ѕвездата се покажува “ненаметливо” среде илјадници други ѕвезди во Големиот Магеланов облак - сателитска галаксија на нашата галаксија, Млечен Пат (десно).

Остатоците од SN 1987A се покажуваат како светлечки прстен кој со текот на времето го засилил својот сјај.

Остатоците од SN 1987A се покажуваат како светлечки прстен кој со текот на времето го засилил својот сјај. 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.