Рубрика: Астрономија и астронаутика
Супернова којашто се спротивставува на теоријата
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Теоретичарите се усогласени дека најновата супернова, со каталошки број SN2006gy, според нејзиниот сјај и неговото времетраење, е нов тип супернова, надвор од постоечката теорија. Се шпекулира дека во нејзиниот механизам свој удел има и антиматеријата!

Експлозијата, која ја следи смртта на ѕвездите, или со астрономски жаргон кажано т.н. супернова, освен што е важен покажувач на историјата, димензиите и степенот на експанзија на универзумот, таа е и расејувач на разни елементи фабрикувани во срцата на ѕвездите: јаглен, кислород, азот, но и железо и силициум, кои се составни елементи на Сончевиот систем и на самите нас. Поради тоа е важно да се разбере механизмот на суперновите, па астрофизичарите интензивно ги следат и ги проучуваат тие појави. Да се потсетиме, експлозијата настанува кога ѕвездата ќе го потроши сето нејзино погонско гориво, па под дејство на гравитацијата таа се руши во самата себе (колапсира). При експлозијата (супернова) се појавува силен блесок, кој трае само неколку недели и во тоа кусо време таа брилира со сјај приближно колку милијарда сонца, па може да се забележи во која било галаксија ширум универзумот. Меѓутоа, суперновите немаат ист апсолутен сјај, туку тој зависи од масата на ѕвездата која експлодира, па поради тоа сите супернови не се употребливи како маркери за дедукција на димензиите на вселената. Сепак, за таа намена на научниците им стојат на располагање одреден тип супернови, кои имаат ист апсолутен сјај и идентичен светлински спектар, кој ги прави лесно препознатливи ширум универзумот. Ги нарекле супернови тип Ia, типични се главно за ѕвезди со средна големина на масата. Да се потсетиме, на овој начин пред десетина години астрономите откриле дека експанзијата на универзумот е акцелерациска (забрзувачка), а не забавувачка, како што до тогаш се мислело (ЕМИТЕР 4/03: "Ревизија на постоечката слика за експанзија на вселената").

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.