Емитер 12/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Поевтините дигитални мултиметри најчесто мерат само напон, струја и отпор, а малку поскапите можат да мерат и фреквенција, капацитет и индуктивитет. Тоа значи дека во нискобуџетните категории дигитални мултиметри, какви што имаат повеќето електроничари-почетници и хобисти, ретко може да се најде опцијата за мерење температура. Но со самоградба на температурниот конвертор според упатствата во овој напис, вашиот дигитален мултиметар ќе може да мери и температура во широк температурен дијапазон.
Ако при работа на некој електронски склоп вие имате потреба да следите колкава температура има секој негов дел, било да е тоа ладилникот на склопот или некоја негова компонента, ви треба термометар. За таа намена, стаклениот живин или алкохолен термометар не е многу практичен бидејќи е лесно кршлив, па ќе треба многу внимателно да го допирате до компонентите на кои сакате да им ја мерите температурата. Тој проблем најдобро ќе го решите ако вашиот дигитален мултиметар (ДММ) го приспособите за мерење температура, така што ќе му додадете температурен конвертор дизајниран со подвижна нескршлива сонда со вграден топлински сензор, која овозможува лесен пристап до секој дел на кој сакате да му ја измерите температурата. Конверторот можете сами да го изградите, според упатствата дадени во овој напис. Температурниот конвертор кој ви го предлагаме во овој напис обезбедува мерење во широк температурен опсег, каков што обично немаат стаклените термометри. Тој е едноставен за градба и се употребува како дополнителен склоп, чиј излез е приклучен на влезот на вашиот ДММ.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.