Рубрика: Електроника
Бас-експандер со симетрично напојување
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Бас-експандерот кој го објавивме во претходниот број побуди голем интерес кај читателите. Неколкумина од нив се обратија до редакцијата со желба да објавиме решение во кое овој уред ќе се напојува со симетричен напон од засилувачот во чија кутија ќе биде вграден. Ние во редакцијата ја прифативме идејата, па во текстот што следува целосоно е опишана таква модифицирана верзија на бас-експандерот.

Речиси сите засилувачи од поновата генерација за напојување користат симетричен DC-напон. Бидејќи нашиот бас-експандер, објавен во предходниот број, беше замислен и дизајниран како засебна единица-уред, тој беше предвиден да се напојува од мрежен адаптер со несиметричен DC-напон во граници од 12 до 20V. Поради овие причини, неколку читатели се јавија во редакцијата со идеја да прикажеме бас-експандер кој ќе се напојува со симетричен напон и ќе има можност за директно приклучување на напојувањето од засилувачот. Идејата ја прифативме и најнапред ги направивме неопходните промени во електричната шема, а потоа дизајниравме и нова печатена плочка.

Технички карактеристики:

Фреквенциски опсег: до 61 kHz (за бас-подрачјето погледај го графиконот)

Однос сигнал/шум: 83dBA (во однос на 1V со пропусен опсег 20Hz...20kHz)

Вкупни хармониски изобличувања: 0,02% на 1kHz и 1V излез

Максимален влезен сигнал: 5Vrms (за напојување ±12V)

Преслушување: 60dB типично

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1236
ИК: TL074
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.