Рубрика: Електроника
Ханс Камензинд: волшебникот на 555-ката
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во алејата на легендите од аналогната електроника како да снемува здив. Боб Вајдлар (Bob Widlar) – таткото на μA709 и на легендарното μA741, Боб Пис (Bob Pease) – творецот на LM331 и LM337 и Ханс Камензинд (Hans Camenzind) – создателот на NE555, веќе не се меѓу нас

Аналогните ИК, од своја страна, се многу помалку комплексни од дигиталните ИК кога ги споредуваме според бројот на употребените транзистори во еден чип. Но, поради строгите и прецизни задачи кои треба да ги извршува едно аналогно коло, неговото проектирање се смета за врвен креативен досег, рамен на уметност, а неговите творци се возвишуваат на ниво на вистински волшебници.
Еден од таквите беше и Ханс Камензинд – неповторливото NE555 е само еден мал дел од неговиот творечки опус. Тој го создаде првиот засилувач на моќност во класа D и го воведе концептот на фазно затворена јамка – сестрано користен концепт до денешен ден.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.