Рубрика: Електроника
Регулирање на брзина на DC-мотор според Back EMF метода
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој напис е опишан метод за регулирање на брзината од еднонасочен мотор со четкички, со мерење на актуелната брзина според Back EMF методата и управување со PID-контрола. За контролна единица употребен е DSP-процесорот MC56F8322, кој се одликува со хардверски блокови приспособени за управување на мотор во различни режими на работа и разни типови на контрола.

За регулирање на брзината на еднонасочните мотори со четкички постојат повеќе методи. За да се одржи брзината на моторот на претходно нагодената вредност, потребни се две основни компоненти: систем за управување на брзината на моторот и систем за мерење на моменталната брзина на моторот. Доколку оската на моторот не е оптоварена, по доведувањето напон на моторот неговата оска ќе се придвижи, и по кратко време ќе постигне одредена брзина. Во таа состојба доколку напонот на напојувањето опадне или се зголеми товарот којшто се наоѓа на оската, ќе се намали брзината на вртење. За брзината на вртење да се одржи константна, потребно е да се доведе поголема електрична енергија. Кај еднонасочните мотори, управувањето наједноставно може да се изведе со доведување променлив напон или со импулсно-ширински модулиран напон (во понатамошниот текст ИШМ-напон).
Информацијата за моменталната брзина со која се врти оската на моторот може да се добие преку повеќе методи кај кои најчесто се користи дополнителен сензор што е во механичка спрега со оската. Во уредот за контрола на брзината опишан во овој труд употребена е т.н. Back EMF метода, со која брзината се одредува според напонот кој го генерира моторот кога на неговите доводни клеми ќе се отстрани влезното напојување додека оската сè уште се врти под инерција.
За да се добие поголема стабилност на бројот на вртежи, регулирањето на брзината се изведува со добропознатиот PID-метод, со кој се постигнува голема стабилност и прецизност брзината да биде што поблиску до нагодената, без разлика на влезниот напон кон системот или товарот на моторот.

Главни елементи и материјали:

ИК: MC56F8322;
Транзистори: BD242;
Развојна плочка

 
Клучни зборови:

Изглед на генерираниот напон при управување со 25% ИШМ-напон

Изглед на развојната плочка користена за практичната изведба.

Измерен осцилограм со C2=10nF


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.