Рубрика: Роботика
Автономен робот за играње друштвена игра
Автори: Татјана Чавдарова, Викториа Донева, Александар Лазаров, Сашко Јовановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Исто како и минатата година и оваа година екипа од ФЕИТ го освои првото место на меѓународниот натпревар "Хардвер и софтвер". Овој пат златото е освоено со проектот за автономен робот за играње друштвена игра, поконкретно – роботска рака која автономно игра (и победува) во играта "Поврзи 4". Во овој напис ќе бидат презентирани сите детали околу реализацијата на овој проект – од идејата и стратегијата за решавање на задачата, до градбата на потребниот храдвер и пишувањето на софтвер кој интелигентно и автономно ќе игра и победува.

Екипата од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), при универзитетот "Св. Кирил и Методиј" – Скопје, составена од студентите Татјана Чавдарова, Викториа Донева, Александар Лазаров и Сашко Јовановски, предводени од асистентите Дарко Цветковски и Бранислав Геразов, под менторство на проф. д-р Гоце Арсов, го освоија првото место на осмиот меѓународен натпревар "Хардвер и софтвер". Натпреварот се одржа во периодот од 29 октомври до 3 ноември, во Бања Лука, Босна и Херцеговина.
"Хардвер и софтвер" е меѓународен натпревар кој се одржува секоја година, наизменично во Бања Лука (Босна и Херцеговина) и во Нови Сад (Република Србија). Натпреварот се состои во решавање конкретен проблем, зададен на самиот почеток од натпреварот, и по својата природа е поделен на два дела – софтверски и хардверски дел, чија изработка резултира во целосен самостоен систем.
Овогодинешната задача се состоеше од изработка на роботска рака наменета за играње на друштвената игра "Поврзи 4" во интеракција човек-робот, како и робот-робот. "Поврзи 4" е игра предвидена за двајца играчи, кои играат наизменично на табла од 6 x 7 полиња, а победник е оној кој прв ќе успее да поврзе 4 соседни полиња во линија (хоризонтално, вертикално или дијагонално). Сите тимови – учесници во натпреварот, за реализација на системот на располагање имаа идентична опрема, што вклучува сет компоненти за составување на роботската рака, табла на која се игра играта, веб-камера, микроконтролер, како и сè останато што е потребно за изработување на задачата.
Изведбата на системот задолжително вклучува употреба на: веб-камера – преку која се детектира потегот на противникот; персонален компјутер – каде што се обработува сликата и се одредува следниот потег; микроконтролер, кој комуницира со компјутерот и управува со роботската рака, како и самата роботска рака која го изведува потегот.

Главни елементи и материјали:

Роботска рака ROBIX;
ИК: PIC18F4620, MAX232

 
Клучни зборови:

Роботската рака има 3 степени на движење, а трите зглоба се придвижуваат со "паметни" сервомоторчиња

Атмосферата за време на натпреварот

Победата на финалниот натпревар: прогласување на тимот од ФЕИТ, Скопје за победник на играта од страна на судискиот автоматизиран систем

Контролната електроника е изработена на универзална печатена плочка


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.