Минатата недела, на Меѓународната изложба за роботи iREX во Токио, компанијата Кавасаки го претстави четириножниот робот за превоз. Роботот е моделиран според телото на евроазиските и северноафриканските планински кози, односно наликува на козорог.
Во видеото што беше објавено на 9 март на youtube профилот на Казумичи Моријама, може да се види демонстратор како јава на механичката коза. Роботскиот козорог има два режима на движење: може да се движи наоколу на четири нозе или може да ги превитка “колената” и да се движи по мазни површини со тркалата кои се вградени на “копитата” и на во зглобните сегменти.
Роботот може да издржи тежина од 160 килограми, а од Кавасаки роботикс велат дека ова е отприлика доволно за да се користи за транспорт на товар на фарми или на градилишта. Во следната развојна фаза компанијата планира на роботот да му вгради и хуманоидни раце.
Механичкиот козорог беше претставен заедно со хуманоидниот робот “RHP friends”, којшто би можел да најде примена како помошник во домовите на постарите лица или во болници.
Хуманоидниот робот 'RHP friends'
Изложбата iREX 2022 се одржа од 9 фо 12 март, а тема на овогодишниот настан беше “патот кон попријателски настроено општество, премостен со роботи”.