Емитер 12/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Наночестичките веќе подолго време се топ-тема и во медицинските журнали. Од средината на деведесеттите години, кога првпат стана збор за дијагностика или третман на болестите со помош на наночестички, до денес бројот на научни медицински трудови во кои се предлага ова е повеќекратно зголемен. Тенденцијата е да се употребуваат наночестички од злато, метал за кој се смета дека нема штетно влијание врз човечкиот организам, а особен акцент се става на испитувањата за нивна примена во дијагностиката и во лекувањето на рак. Резултатите од едно ново истражување на научниците покажуваат дека малигните тумори многу полесно можат да бидат откриени и подлабоко во човечкото тело, без агресивни методи што го оштетуваат и здравото ткиво.
Секоја година, на 13 милиони луѓе им се дијагностицира рак, а седум и пол милиони умираат од оваа опасна болест. Најчестите методи на лечење претставуваат комбинација на хемотерапија, радиомагнетно зрачење и хируршки зафати. Оваа комбинирана метода со себе носи и одредени ризици бидејќи го оштетува и околното здраво ткиво, а да не зборуваме за тоа што во некои случаи, поради длабоката навлезеност или поради самиот состав на зафатениот орган, соодветниот третман е речиси невозможен. Кај лечењето на туморите на главата и вратот, поради специфичноста на органот, кој е од меко ткиво, во голем број случаи хируршкиот третман го прави невозможен, а третманот со зрачење е попривлечен, но тој, пак, е тешко применлив за мали тумори. Кај третирањето, пак, на рак на простатата, рак на дојка и на белите дробови со помош на радиомагнетно зрачење, се јавува проблемот за таргетирање на туморот при третманот, бидејќи поради дишењето на пациентот туморот ја менува локацијата, па тогаш се проширува опсегот на дејството на зраците зафаќајќи и од здравото ткиво. Од овие причини, истражувачите се во постојана потрага по нови методи за дијагностицирање, за следење на малигните клетки, но и за убивање на тие клетки, односно за лечење на малигните тумори, но и на други болести.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.