Рубрика: Металство и машинство
Изработка на водоводни системи (3)
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во ова продолжение ќе се задржиме на монтажата на цевководниот систем, обрнувајќи внимание на сите детали кои се клучни за неговото правилно функционирање. Ќе се задржиме и на некои основни и чести дефекти во цевководниот систем, нивното дијагностицирање и отстранување.

Цевководниот систем во бањата или во вашата кујна е особено важно да се изработи квалитетно и функционално. Потребата од квалитетно изведување на цевководниот систем доаѓа од самиот факт што протекувањето на цевководниот систем ќе го уништи вашиот дом и ќе направи голема материјална штета на вашата покуќнина. Вториот факт кој треба да се земе предвид за квалитетно изведување на цевководниот систем е времето на неговата експлоатација кое изнесува 50 години. Овој голем век на експлоатација директно се диктира од неможноста постојано да реновирате и да кршите ѕидови, бидејќи сето тоа е скапа инвестиција, а воедно вашата куќа или стан трпи механички оштетувања. Овие механички оштетувања се предизвикани од дупките за премин на цевките од цевководниот систем, кои понекогаш преминуваат во главните носачи на куќата (столбови, носачи, армирана бетонска плоча и др.), па така со штемување се разбива целиот ѕид, што резултира со појава на линиски пукнатини по вашиот ѕид. Затоа, од особена важност е да ги избегнувате главните носачи како место за премин на цевките, бидејки се многу тешки за штемување, а воедно и ја ослабнувате куќата (се нарушува статиката). Изборот на материјалите кои ќе ги употребувате и нивниот квалитет ќе биде оставен на вас, т.е. зависи од големината на вашиот буџет. Не заборавајте на онаа народната: "Кој штеди, двојно плаќа", што во поголемиот број случаи се покажува дека е точно. Кога сме кај материјалите, сега засега најевтината и наједноставната варијанта со задоволителен степен на сигурност е изработка на надворешен цевковод со тотра црево, а внатрешен цевковод во куќа со ППР пластика.
Во ова продолжение говориме за пристапот кон планирање на цевководниот систем, монтажа и вградување на цевководот и најчестите дефекти и сервисирање на цевководниот систем, истовремено ви ги предочуваме некои од најчестите грешки при овие чекори.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.