Рубрика: Металство и машинство
Машини на Микросам во најголемиот aмерикански институт за авионика
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 01.04.2021 - 11:45

Машината од Микросам инсталирана во Лабораторија за напредни технологии на воздухопловни систем при институтот НИАР во Вичита

Микросам деновиве заврши со инсталација и прием на специјално дизајнираната машина за преработка на современи композити во Националниот институт за истражување на авионика (NIAR) на Универзитетот на Вичита, САД.

Компанијата Микросам, лоцирана во Прилеп, е светски позната како лидер во производство на роботски и ЦНЦ машини за материјалите на иднината или т.н. современи композити.  Во своето 30-годишно постоење, Микросам досега инсталирал преку 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, меѓу кои во Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и во Кореа. Глобалните клиенти на компанијата се лидери од авионската, вселенската, автомобилската, одбранбената и од други индустрии, но и врвни истражувачки центри за современи композити.

Американскиот институт за истражувања од авиониката (НИАР) e најголемиот и најважниот истражувачки центар во САД кој соработува со преку 100 клиенти од авионската индустрија, меќу кои се вбројуваат и компаниите Боинг (Boeing), Бомбардир Лирџет (Bombardier Learjet), Цесна (Cessna), Бичкрафт (Beechcraft), Спирит Ерсистемс (Spirit Aerosystems), Ербас (Airbus), и многу други.

Машината од Микросам инсталирана во Лабораторија за напредни технологии на воздухопловни систем при институтот НИАР во Вичита

Институтот (NIAR) го избра токму Микросам за производство на машина којашто ќе го олесни целокупното истражување за примена на композитни материјали во нивната Лабораторија за напредни технологии на воздухопловни системи (АTLAS). Целта на оваа Лабораторија е подготвување на инженерите за она што ги чека во иднина и воведување на автоматизирани технологии на истражување, какви што ги нуди машината на Микросам.

Намената на ваквата машина е изработка на импрегнирани ленти од јагледодни, стаклени или други влакна, подготвени за автоматско полагање (АFP/ATL). Овие автоматизирани процеси се користат во широк спектар на авионски делови – за изработка на опашки, крила, трупови и други делови на авиони.

Со  машината на Микросам во нашето портфолио на автоматизирана опрема за производство, ние сме во состојба да одговориме на побарувачката од повеќе машини за автоматско полагање на влакна во NIAR. Сега, може навремено да ги спроведуваме истражувањата и да ги поддржиме потребите за препрег ленти на нашите индустриски партнери.“ – изјави д-р Варуна Сеневиратне, директор на АTLAS. “Интегрираниот систем за инспекција во процесот на сечење и алгоритмот за откривање на дефекти на машината на Микросам ни овозможува да вршиме контрола на квалитетот на она што го изработуваме“.

Оваа иновативна машина ќе им ги олесни истражувачките цели на NIAR со неколку клучни придобивки, како што се:

• Флексибилна употреба, како потребата од сечење на тесни до широки ленти и нивно истовремено мотaње на т.н. касети или шпулни;

• Ефективност, или достигнување на голема брзина на премотување; 

• Можност за идно зголемување и продолжување на машината, почнувајќи од 8 позиции на премотување дури до 48 позиции;

• Единица за контрола на напнатоста што обезбедува постојано и точно премотување кое е важно за квалитетот на процесот на сечење;

• Систем за ласерско водење кој му помага на операторот за прецизно позиционирање;

• Автоматски онлајн систем за проверка – уникатна технологија на Микросам за проверка и автоматско откривање на грешките на пресечената лента пред да се премота повторно;

• QCS – Систем за контрола на квалитет – клучна компонента на секоја машина Микросам која го следи целиот процес и го подобрува неговиот квалитет.

Според  Димитар Богданоски, менаџер за продажба во Микросам “Со зголемување на бројот на  единици во истражувањето на процесот на Автоматското полагање на влакна (AFP), се зголеми и побарувачката за ефикасни, компактибилни единици за сечење на препрег. Микросам е пионер во такви единици кои им помагаат на клиентите да подготват препрег ленти согласно потребите, притоа заштедувајќи ги нивните трошоци и време, контролирајќи го квалитетот и ризикот во новите идеи. ние сме горди што им помагаме на NIAR да бидат попродуктивни во истражувањето за производство на композитни делови.

NIAR ја продлaбочува соработката со Микросам со нарачка на уште една машина за нивните потреби. 

Микросам оваа година слави 30 години успех на светскиот пазар. Своето постоење ќе го одбележи и во Скопје со уште една изложба на своите дела. Ќе можете да ги посетите во ТЦ Скопје Сити Мол од 14.5.2021 до 27.5.2021 година, секој ден согласно работното време на трговскиот центар.

 

--- промотивен напис ---

Клучни зборови:
Машината од Микросам инсталирана во Лабораторија за напредни технологии на воздухопловни систем при институтот НИАР во Вичита

Машината од Микросам инсталирана во Лабораторија за напредни технологии на воздухопловни систем при институтот НИАР во Вичита