Рубрика: Металство и машинство
Електроди за заварување со РЕЛ постапка
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Широката распространетост на РЕЛ-заварувањето и честата примена на оваа постапка во домашни услови и мали работилници нè доведува до ситуација кога е потребно да направиме заварување на две или повеќе компоненти во една целина. Се разбира, добро заварување не можеме да постигнеме без квалитетна електрода за заварување. Но која електрода да ја избереме, како, да откриеме дали продавачот ни ја продал електродата која ни е потребна, како доколку некој од комшиите ни подари пакетче електроди, ќе знаеме дали ќе можеме да го искористиме со нашиот уред за заварување? Следниов текст ќе даде одговор на овие прашања, т.е какви типови електроди постојат, нивната примена, карактеристики и начин на обележување.

Во Емитер бр. 3/10 беше објаснета рел-постапката на заварување, а во овој натпис ќе ги објасниме главните карактеристики и обележувањето на електродите. Имено, секоја електрода се состои од јадро на електродата и облога на електродата. Улогата на јадрото на електродата е да овозможи воспоставување и одржување на електричниот лак помеѓу металот и електродата и со своето растопување да обезбеди дополнителен материјал на заварената врска. Од овде доаѓа првиот услов за избор на електродата, т.е. јадрото на електродата треба да има состав кој има карактеристики (механички и хемиски) еднакви или подобри од основниот материјал (деловите кои се заваруваат).

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.