Емитер 3/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Серијалот за одржување и поправка на автомобилите ќе го заокружиме со оваа тема, која за повеќето читатели е позната. Сепак, не би биле на одмет советите и напомените изнесени во текстот што следува а ќе бидат посветени на резервното тркало и воопшто, на тркалата од нашето возило. ќе биде интересно, затоа што иако на прв поглед изгледа дека нема ништо значајно, ќе ве уверам токму во спротивното – и тоа како е значајна проблематиката на тркалата од сите аспекти. ќе има за секого по нешто: и за возачите и за автомеханичарите.
Некако како по навика и/или инерција, тркалото го прифаќаме како нешто само по себе зададено, како нема тука што да се дискутира и се подразбира дека тоа треба да се врти на своето место на автомобилот и да не прави многу проблеми. И навистина, кој би мудрувал околу тркалата додека не се издишат среде пат на планина во ноќно, ладно и дождливо време, додека не сме заглавиле во снегот, мразот или калта? Никој, за жал. Токму тоа е целта на овој напис, да се потсетиме на тркалата, на нивното одржување и нега. За возврат добиваме беспрекорно сигурни тркала кои во ниеден момент нема да не изневерат, а и ако случајно, поради "виша сила" се случи тоа, тогаш би биле подготвени за брза и ефикасна интервенција.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.