Рубрика: Аудио и видеотехника
Активно потиснување на бучава
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Основните принципи на активното потиснување на бучава се познати уште од појавата на патентираното решение на Германскиот физичар Пол Лајг (Paul Leug) во далечната 1934 година, но сè до средината на 80-те години на минатиот век тие беа тешко применливи поради недостаток на технологија. Во последно време, особено со развитокот на соодветни алгоритми за дигитално процесирање на сигнали (DSP), активното потиснивање на бучавата наоѓа примена не само во уреди за професионална намена, туку, исто така, во уреди за широка потрошувачка.

Но, како и речиси секоја друга иновација, таа е проследена со нереални очекувања и прекриена со дебел слој на мистика кај неупатената јавност кои одат дотаму да се шпекулира со постоењето на волшебни уреди кои "уништуваат" секаква бучава и прават оаза на тишината од нашата соба или нашиот автомобил. Јас ќе ја илустрирам нереалноста на овие очекувања со една аналогна физичка појава: Дали можеме да го поништиме бранот, создаден од камен фрлен во вода, со фрлање на друг камен? Факт е, колку и да го "одмеруваме" кога и каде ќе го фрлиме вториот камен, ние нема да можеме во потполност да го поништиме првиот бран. Реални се очекувањата дека вака создадените бранови на некои места ќе се поништуваат, но на некои други места тие ќе се собираат! Тоа произлегува од физичкиот закон наречен интерференција и ние тука сме немоќни!

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.