Емитер 3/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
На страниците на ова списание досега се прикажани неколку кола за регулација на бројот на вртежи на DC вентилатор. Верувам дека и овој го заслужува вашето внимание. Ако не за друго, затоа што е наједноставен од сите досега објавени. Може да ви послужи да ја намали буката и да ја зголеми ефикасноста на ладењето во компјутер, засилувач, лабораториски извор на напон и сл.
Слободно наречете ме плагијатор, но регулаторот за DC-вентилатор што пред десетина години беше објавен во Elektor Electronics е толку едноставен што не можев да се воздржам а да не го предложам и на нашите читатели. Тој е составен од десетина евтини компоненти кои можат да се најдат во нашата трговска мрежа, вклучувајќи го и PTC-отпорникот KTY10. Наменет е за вентилатори од 12Vdc кои имаат номинална струја до 150mA (какви што се користат во напојувањата за персонални компјутери), но со менување на отпорноста на само еден отпорник може да се модифицира и за десетина пати помоќни вентилатори.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.