Рубрика: Астрономија и астронаутика
Мистерија скриена во заднинското зрачење
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Трагајќи по "фосилни остатоци" од зрачењето останато од времето по Биг Бенгот, група американски истражувачи, со помош на најнов инструмент, откриле радиозрачење, кое не потекнува од ниеден познат радиоизвор во универзумот. Ете нова енигма за астрофизичарите.

Откритието на заднинското зрачење во 1965 год. од страна на Арно Пензиас (Arno Penzias) и Роберт Вилсон (Robert Wilson) беше епохално откритие. Таа "заднинска распрсканост" на примордијалниот космос стана предмет на перманентни проучувања и анализи од страна на истражувачите со сè посовршени инструменти. Така сондата WNAP погледна толку далеку во времето и ни испрати многу прецизна слика на вселената кога таа била штотуку "родено бебе": 380 илјада години по Биг Бенгот, кога ѕвездите сè уште не постоеле. Во најново време, група американски истражувачи од центарот за вселенски истражувања на НАСА, Годард (Goddard), откриле компоненти со прекумерен интензитет во радиоподрачјето од спектарот на заднинскиот шум, кои не припаѓаат на ниеден досега познат радиоизвор во универзумот! Од каде доаѓаат тие?

Клучни зборови:

Најпрецизна карта на фосилните остатоци од зраечењето

Лансирање на радиометарот Аркад со балон наполнет со хелиум

Аркад на височина од 36 километри - уметничка визија

Градба на Аркад

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.