Рубрика: Астрономија и астронаутика
Конструктивната улога на црните дупки
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Откритието на една џуџеста галаксија, која во себе "крие" супермасивна црна дупка, е всушност потврда на најновото сценарио според кое сите црни дупки не се исклучиво "разурнувачи", туку тие се способни и да продуцираат ѕвезди и галаксии!
Наслов: Мисијата Dawn: истражување на "зората" на Сончевиот систем
Апстракт: Dawn (Зора) е сонда испратена од НАСА со меѓународна соработка да ги испита двете најголеми тела во астероидниот појас Веста и џуџестата планета Церес. Мотивот за испитување на овие две небески тела е тоа што се смета дека тие се две најстари протопланети чиј состав не е променет од нивниот настанок.

Досега беше вообичаено на црните дупки да се гледа само како на "голтачи" на материјата и со тоа како "разурнувачки" средства на вселенските структури! Меѓутоа, по неочекуваното откритие на нивното многу рано појавување по Биг Бенгот, научниците започнале да ја гледаат и нивната конструктивна улога во моделирање на универзумот (ЕМИТЕР бр. 5/2010: "Улогата на црните дупки во моделирање на универзумот"). Но, црните дупки не се само "голтачи" на материја, туку според компјутерските симулации тие имаат способност и да исфрлуваат надвор млазеви од материја!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.