Емитер 3/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Секое патување почнува со првиот чекор. Со ова народна поговорка најдобро може да се илустрираат обидите на одделни развиени држави да создадат еколошки чисти средини т.н. зелени оази, каде што со помош на најновата технологија луѓето ќе живеат и работат. Исфрлањето од употреба на фосилните горива, рационалното користење на енергија добиена по природен пат и целосно рециклирање на отпадот. Колку и да звучи нереално, сепак, на неколку места во светот ова започнува да се реализира.
Речиси половина од светската популација живее во урбаните населени места. За да можат да функционираат и да работат, овие луѓе користат автомобили, работат во фабрики кои ја загадуваат атмосферата и непотребно се расфрлаат со енергија која се добива повторно од погони кои не се баш наклонети кон природната средина. Во атмосферата секој момент се ослободува огромно количество јаглерод диоксид и други штетни гасови кои неповратно го уништуваат озонскиот појас кој ја штити планетата од штетните зрачења од вселената. Бидејќи сето ова е дело на човекот, време е и тој да ѝ се оддолжи на својата планета.
Во развиените земји веќе се планирани и се почнати со изградба мали градови кои ќе претставуваат своевидни еко-оази. Таму речиси целосно се забранети автомобилите, јавниот транспорт се движи со горива што не испуштаат штетни гасови, енергијата се користи рационално и се добива од сонцето и ветерот, а урбанистички така се уредени да може човек пеш да отиде од дома до работа или, пак, на шопинг и на место за забава.
Во продолжение ќе ви претставиме неколку од овие проекти.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.