Рубрика: Информатика
Опен офис, целосен апликациски пакет за менаџирање на вашите документи
Автор: Александар Лазаров
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Животот денес не би можел да се замисли без компјутерот, поточно без компјутерот како средство за менаџирање, креирање и промена на документи. Верувам дека сите сте имал потреба да користите Мајкрософт Ворд или некој друга компонента од Офис пакетот, но сега би сакал да ви го свртам вниманието кон најголемиот ривал на Мајкрософт Офис пакетот ...

Сите оние кои имале пристап до компјутер, имале и потреба од отворање на нов Ворд документ во Мајкрософт Офис поради креирање на некој нов документ или едитирање/преглед на постоечки. Првото нешто што се учи денес на часовите по информатика всушност, е запознавање со алатки за креирање, измена и преглед на текст документи. Главно програмскиот пакет што се изучува е Мајкрософт Офис. Но, во овој текст би сакал да ви прикажам и да ве запознаам со еден друг пакет со алатки за менаџирање на текст документи и многу други документи, сличен на Мајкрософт Офис, а можеби и подобар (сепак, тоа останува вие да одлучите). Неговото име е Опен Офис (Open Office) и е програмски пакет од карактер на слободен софтвер, до кој имаат пристап сите луѓе во светот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.