Емитер 12/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Астрономите откриле нов модел на планетски систем. Имено, во 6 различни екстрасоларни планетски системи, тие детектирале егзопланети, кои орбитираат ретроградно, т.е. во спротивна насока од насоката на ротација на нивната матична ѕвезда околу нејзината оска!
Да се потсетиме, досега астрономите откриле повеќе од 450 екстрасоларни планети, но притоа тие сметале дека сите откриени екстрасоларни планетски системи се создадени според истиот модел како нашиот Сончев систем: од некој ротирачки протостеларен гасовит диск, па според тоа сите небески тела формирани во тој диск би требало да орбитираат во иста насока со насоката на ротација на матичната ѕвезда околу нејзината оска. Меѓутоа, досега астрономите не можеле да претпостават дека помеѓу откриените егзопланети има и такви кои орбитираат во спротивна насока од насоката на ротација на нивната матична ѕвезда. Но, ете, во најново време, со попрецизни методи на набљудување, тие откриле дури 6 такви т.н. ретроградни егзопланети во 6 различни егзопланетски системи!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.