Рубрика: Аудио и видеотехника
LTR-100HS Video Archive Recorder на For-A
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


FOR-A, компанија која произведува аудио и видеоопрема за бродкаст и професионална видеоиндустрија на NAB2010 Show во Лас Вегас, го прикажа својот нов производ LTR-100HS и ја доби престижната награда Pick-Hit Award за 2010. LTR-100HS е уред за видеоархивирање во кој е вграден последниот стандарден начин за складирање, LTO-5. Со неговиот неверојатен капацитет од 1,5 TB, LTR-100HS може да се користи и како сервер за размена на материјали и програми. Висококвалитетниот MPEG-2 кодек со HD/SD-SDI влез/излез, MXF фајловите снимени на LTO-5 лентата можат да се користат директно во NLE системи.

Кога прочитав за овој уред, малку ми беше чудно. Сите и секаде зборуваат и произведуваат tapeless опрема и еве изненадување: на NAB2010 се појавуи уред кој користи касета со лента и доби награда. Чудно, но вистинито, а еве што вели за ова Mr. Hiro Tanoue, претседател на корпорацијата FOR-A за Америка:
"Лентата не е мртва. Факт е дека LTO-5 е најновиот стандард во популарната линија на технологија за складирање на податоци со висок квалитет и голем капацитет. Уредот LTR-100HS за снимање на видео фајлови на лента, е уред кој бродкастерите и другите кои се занимаваат со видеопродукција, со задоволство ќе го користат за своите потреби. Уредот е компактен, не е многу скап и како измислен е за архивирање на материјали."
Но, да одиме по ред во претставување и описот на карактеристиките на LTR-100HS, видеорикордер за архивирање на FOR-A.

Споредба на LTO-5 и D2 касета

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.