Емитер 5/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Неодамнешното откривање на гравитациските бранови, коешто истовремено значи и потврда на "инфлаторната фаза" во експанзијата на универзумот, ја разгоре дебатата помеѓу физичарите-теоретичари на тема дали инфлаторната фаза претставува поткрепа на концептот за мултиуниверзум, или не. Околу таа тема теоретичарите претходно и онака беа поделени, а сега нивната поделба се продлабочи.
Да се потсетиме, “инфлацијата” е воведена како можно решение кое ја објаснува денешната униформна (еднолична) и глобално хомогена конфигурација на универзумот кој, според законите на веројатноста, мора да бил хаотичен веднаш по неговото “раѓање”, по Биг Бенгот, т.е. составен од многу различни конфигурации, бидејќи е еднакво веројатна секоја друга можна конфигурација, различна од онаа што постои денес. Но, еве, детекцијата на гравитациските бранови го потврди постоењето на “инфлаторната фаза”, па ако таа го стартувала нашиот универзум, зошто таа да не е циклична појава, која постојано се повторува во различни точки, перманентно стартувајќи нови универзуми? Така се обнови актуелноста на поранешната идеја, според која нашиот универзум е само едно мало делче од бесконечниот простор на мултиуни-верзумот, делче во кое инфлацијата ја завршила својата функција и, по нејзиното стопирање, овозможила материјата да се концентрира и да формира ѕвезди, галаксии, планети... со услови за можност да се развие живот.
Но, која е поентата на идејата за мултиуниверзум?
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.