Рубрика: Аудио и видеотехника
NAB 2014
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој најголем светски собир на директори, раководители, трендсетери, истражувачи и дизајнери, гуруа одговорни за создавање напредни алатки потребни за успешно справување со дигиталниот свет во доменот на телевизијата и филмот, се одржа во Лас Вегас од 5 до 10 април 2014. За она што го карактеризираше шоуто NAB2014, прочитајте во текстов. Се разбира дека многу е поубаво да го посетите, но ретки се тие среќници!

И оваа година изложбата организирана од Национална асоцијација на радиодифузери (The National Association of Broadcasters – NAB) беше место каде што се собраа голем број понудувачи и производители на опрема и медиуми за скапа забава. Производи за широка пот-рошувачка, интелигентни решенија за софистицирана професионална опрема и софтвер имало насекаде, во сите хали и катови, распоредени и организирани во осум целини, за што поголема прегледност на изложеното. Со цел да се добие поцелосен увид во новите производи, да се откријат сите можности за увоз и извоз на опрема и софтвер, да се видат резултатите од создадените нови технологии, биле организирани голем број во презентации живо во технолошки суперопремени павилјони. Сето тоа го следеле голем број новинари за кои биле организирани конференции и пресови. На NAB2014 поминале 98 000 посетители од 159 земји, а свои производи прикажале 17 000 компании.

Клучни зборови:

Axon презентираше палета производи на NAB Show

Дел од специјалните NAB Show понуди

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.