Рубрика: Информатика
Што е сигурно, сигурно е …
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Шифрирајте самите, но за дешифрирање ќе ви требаат барем двајца, или повеќе, зависи колку сте параноични. Единствен предуслов (освен довербата) е сите да ја имаат инсталирано истата аплкација.

Авторот на оваа мала, но интересна и секако корисна апликација сигурно бил фасциниран од старата генерација трилери и шпионски филмови. Помните кога за отклучување сеф во банка, или некој сличен, биле потребни барем два клуча, кои ги поседувале две различни лица? Или, шифра напишана на парче хартија кое потоа било скинато на два или повеќе дела и го чувале исто толку лица?
Е па, Secret Sharp е нешто слично на тоа… или барем функционира на истиот принцип, бидејќи се работи за апликација, а не за предмет. Мало парче софтвер “тешко” 981 KB, кое можете да го заборавите на вашето USB стикче, а кое е крајно едноставно за инсталација и за користење. Всушност, се работи за апликација-волшебник (wizard) за Shamir Secret Sharing Algorithm за енкриптирање, искомбинирана со графички интерфејс.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.