Емитер 6/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Обичното бришење на податоците и форматирањето не се доволна гаранција дека податоците не можат повторно да бидат достапни. Софтверите за враќање податоци во голема мера успеваат нив да ги повратат. Физичко уништување на дискот? Може, но не мора. Постои поелегантно решение – сигурносно бришење!
Сте набавиле нов компјутер и сте се исправиле пред дилемата – што со стариот? Да се продаде целиот "топтан" (што е потешка опција) или да се продаде на делови? Која опција и да ја одберете, морате да се осигурате дека податоците на хард дискот нема да бидат достапни за купувачот. "Аа, без гајле, го форматирав" – е најчестата реплика на оваа моја констатација, упатена на познаници/пријатели/роднини кои се обиделе да извлечат некој денар од "старината".
Во ред... дискот е форматиран. Но, дали тоа е доволна гаранција дека податоците на него засекогаш се избришани? Не е. Доволно е да поседувате некоја програма за враќање податоци, и тие повторно да го видат светлото на екранот. Уште и ако се во прашање податоци кои се од лична или деловна природа, а паднале во рацете на некој тотален странец... можете и самите да претпоставите што сè може да се случи.
Физичкото уништување е најсигурна опција, но дали воопшто има потреба од тоа?
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.