Согледувајќи ги сè поизразените грижи на технолошките и бизнис-менаџерите – врзани за сигурносните потреби за услуги во поглед на обработката на податоци "во облак" и обезбедувањето и користењето на голема база податоци – HP ги претстави новите интелигентни сигурносни решенија наменети за намалување на ризикот. За разлика од досегашното реактивно дејствување во периметарот на компанијата, кое сè поочигледно е недоволно, проактивните сигурносни мерки во голем процент овозможуваат зголемена сигурност на базите податоци, мобилност и брзина на пристап.
Според анкетите што ги спроведе HP, половина од анкетираните изразиле загриженост во врска со заштитата на податоците на мобилните уреди во случај на нивно губење или кражба. Повеќе од половината признале дека нивните организации трошат повеќе пари и време на реактивни мерки отколку на проактивно менаџирање во облак.
"HP им помага на клиентите да го заштитат она што е најважно за организацијата преку нудење интелигентни сигурносни решенија што им даваат приоритет на сигурносните ресурси со цел да ги идентификуваат заканите предвреме и да овозможат поголем рок за реакција, изјави Мајк Нефкенс, извршниот претседател на корпорациски услуги во HP. Пакетот кој го претстави HP опфаќа мерки во поглед на интелигентна сигурност во јавниот сектор, проактивно менаџирање на ризик со интелигентни безбедносни решенија и заштита од напади преку печатач.
Во јавниот сектор, каде што заканите за сигурноста постојано растат, регулациите стануваат сè покомплексни, а буџетите се намалуваат, примената на оптимизирани решенија во поглед на интелигентната сигурност е од есенцијална важност.
Додадени се нови карактеристики на HP Assured Identify, решение кое нуди поедноставно идентификување, менаџмент на пристап и акредитација. Тоа овозможува подобра контрола врз внатрешните закани, дава поголема заштита на идентитетот и ја намалува комплексноста околу споделувањето информации меѓу организации што соработуваат.
Comprehensive Application Threat Analysis (CATA) on Demand – овозможува помали трошоци при постигнувањето сигурност преку справување со заканите низ развојниот животен циклус.
HP Security Operations Center (SOC) Consulting Services е дизајниран за клиентите од јавниот сектор надвор од САД и ним им овозможува да воспостават интелигентен оперативен центар за кибернетика заштита на нивната локација.
За потребите на проактивното менаџирање на ризик со интелигентни безбедносни решенија, HP прикажа нови производи и услуги кои овозможуваат поголема транспарентност и контрола врз целата организација.
HP Data Center Protection Services служи за евалуација на постоечките сигурносни практики на организацијата и нуди препораки што ќе им помогнат да ја оптимизираат инфраструктурата и да го подобрат програмискиот менаџмент низ целиот центар за податоци.
HP ArcSight Enterprise Security Manager 6.0 е моќно решение за безбедносно следење, кој ги идентификува и се справува со кибернетичките заканите побрзо од порано. Ова решение брзо ги индентификува сигурносните закани во инфраструктурата на организацијата и им дава предност на критичните ситуации за да се намали потенцијалната штета.
HP TippingPoint NX Platform Next Generation Intrusion Prevention Systems обезбедува сигурност за уредите на мрежата, виртуелните машини, оперативните системи и апликациите кои се важни за бизнисот со додавање значаен капацитет за испитување на фреквентноста на базите на податоци.
HP Information Security Pulse е апликација за мобилни за професионалци во ИТ-безбедноста, достапна без трошоци, која им овозможува веднаш да ги препознаат и да се справат со ризиците што можат да ја нападнат нивната околина. Достапна е за Android, WebOS, Apple iOS и за други платформи.
За заштита од напади преку печатач, HP претстави три решенија:
HP Access Control (HP AC) Printing Solutions е алатка надградена за здравствената индустрија, наменета за подобрување на безбедноста на направите, и ги подобрува печатачките политики на целата компанија преку безбедна авторизација, сигурносен pull, менаџмент и job accounting;
HP Imaging and Printing Security Assesment ја прегледува средината за печатење од безбедносна перспектива, минимизирајќи ги ризиците од оставените документи, преносот на осетливи информации од компјутер до печатачот и доверливи информации на хард дискови.
Enhanced HP Imaging and Printing Security Center (IPSC) е решение базирано на полиса, кое го зголемува автоматизмот на безбедноста додека го намалува ризикот преку пошироки уреди и преку компатибилност со оперативни системи, зголемена HP Instant-on Security поддршка за уреди и моќни способности за менаџмент на лозинки.
Покрај сето ова, HP ги објави и првите 2,5 милијарди линии програмски код во индустријата, достигнати преку HP Fortify on Demand (FoD) сигурносната апликација Software-as-a-Service (SaaS), која HP ја понуди за тестирање за платформите iOS и Android.