Рубрика: Автомобилска техника
Толкување на изгледот на свеќичките
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Не може да се замисли добар автомеханичар без да ја поседува способноста да го оцени и да го протолкува изгледот на свеќичката од моторот. Секако, од тоа и да изведе значајни заклучоци потребни за оцена на состојбата на моторот, како и значајна помош при донесувањето на вистинската дијагноза доколку нешто не е во ред со истиот. Едноставно, на автомеханичарот тоа му е секојдневие и моќно незаменливо дијагностичко средство кое му стои на располагање, а кое мора да го искористи во интерес на ефектно решавање на проблемот пред кој е исправен. Написов што следува претставува еден мој скромен придонес кон запознавање на младите и неискусни автомеханичари, како и механичарите ентузијасти за овој моќен метод што редовно се користи во дијагностицирањето на дефектите и контролата на исправноста на бензинскиот мотор.

Под изглед на свеќичката ќе го подразбираме изгледот на нејзиниот дел кој е директно изложен на дејството на гасовите во компресиониот простор. Ова би било еден вид на земање примерок од компресиониот простор според кој можат да се донесат релевантни заклучоци за општата состојба на моторот, за неговата нагоденост (точка на палење, нагоденост на карбураторот и системот за напојување…), како и тоа дали свеќичките се соодветни за конкретниот мотор или не.

Клучни зборови:

Примери на изглед на свеќичка.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.