Рубрика: Астрономија и астронаутика
Биоцентричен универзум
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Радикално нов поглед кон светот, според кој универзумот не постои во реалноста, туку тој е креација на нашата свест. Авторите на овој очигледно филозофски пристап т.н. биоцентрична интерпретација на универзумот, тврдат дека неа ја поткрепуваат физички закони, особено квантната механика. Па, ќе ја проследиме нивната идеја..

"Колку подалеку ние ѕиркаме во просторот, толку повеќе ние сфаќаме дека не можеме наполно да ја разбереме природата на универзумот само преку следење на галаксиите или со набљудување на далечните супернови. Таа лежи многу подлабоко, имено, во неа сме инволвирани и ние самите многу лично". Со ваквата интерпретација на универзумот излегоа двајца автори, Роберт Ланца и Боб Берман во американското научно списание Discover од мај оваа година, со напис под наслов "Биоцентричен универзум" (Biocentric universe).

Идејата се појави во свеста на Р. Ланца, кога шетајќи низ една шума, тој забележал пајажина на гранките на едно дрво, со огромен пајак стокмен да детектира вибрации од некој инсект, евентуално заробен во пајажината.

"На тој начин пајакот го контролира својот "универзум", пајажината, но сè што е надвор од неговата пајажина, за него е неразбирливо. Ние луѓето имаме нешто сродно со пајакот", размислуваше Ланца, "Имено, нашиот универзум се наоѓа на една огромна "пајажина" изградена од "конци" од простор и време, споени според физички закони, кои живеат во нашите мозоци. Но, дали пајажината е можна без пајак? Аналогно, дали просторот и времето и сите физички објекти ќе продолжат да постојат ако живите креатури бидат остранети од сцената", се запраша тој.

Така во неговата свест се роди идејата за биоцентрична интерпретација на светот, според која неговата реалност е креација на животот, посебно на свеста, па според тоа, универзумот не постои без нас!? Очигледно типично филозофско толкување на природата на светот, но да се запознаеме со мотивите за таквото толкување.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.