Рубрика: Астрономија и астронаутика
Стапката на акцелерациската експанзија на универзумот
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Акцелерациската експанзија на универзумот им задава главоболки на теоретичарите, па "темната енергија" како причина за тоа имаше алтернатива во т.н. "хипотеза за космички меур". Но, со најнови мерења, извршени со орбиталниот телескоп Хабл, една екипа истражувачи под водство на Адам Риес ја пресметала прецизно стапката на акцелерациската експанзија на универзумот и со тоа ја исклучила наведената алтернативна хипотеза.

Во времето на Алберт Ајнштајн се сметаше дека универзумот е статичен, па во таа насока Ајнштајн вовел во своите равенки одбивна сила, т.н. космолошка константа, која држи рамнотежа на гравитациската привлечна сила и на тој начин го одржува универзумот во статичка стабилност. Но, кога астрономот Едвин Хабл во 1929 год. открил дека универзумот не е статичен, туку дека тој експандира (се шири), Ајнштајн ја напуштил идејата за космолошка константа нарекувајќи ја "негова најголема заблуда". Натаму сè до 1998 год. космолозите сметале дека експанзијата на универзумот е ретардациска (забавува) под дејство на гравитациските привлечни сили помеѓу галаксиите, но во 1996 год. две истражувачки екипи откриле дека експанзијата на универзумот не е ретардациска, туку акцелерациска (забрзува), за ова поопширно пишувавме во ЕМИТЕР бр. 4/03: "Ревизија на постоечката слика за вселената" и ЕМИТЕР бр. 6/03: "Потрага по причината за акцелерациска експанзија на вселената".
Откривањето на акцелерациската експанзија на универзумот отвори повеќе прашања, помеѓу кои и прашањето за точна пресметка на стапката на експанзија на универзумот. Решавањето на тој проблем води преку прецизно утврдување на т.н. Хаблова константа, големина која ги поврзува брзината со која галаксиите привидно "бегаат" од нас (брзина на рецесија) и нивната оддалеченост од нас.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.