Рубрика: Информатика
RAID(ологија) 1
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


RAID е едноставна технологија која овозможува поврзување на два или повеќе дискови со цел да се подобрат перформансите, да се зголеми сигурноста на податоците впишани во нив, а овозможува и комбинирање на овие две особини. Падот на цените на хард дисковите и зголемувањето на нивниот капацитет го доближи RAID концептот до обичните просечни корисници повеќе од кога било. Ако кон тоа се додаде дека безмалку сите матични плочи имаат интегриран RAID контролер (а многу често и два), ваквиот начин на поврзување на хард дисковите повеќе не е опција резервирана исклучиво за ентузијастите со подлабок џеб.

Поимот RAID има две толкувања: Redundant Array of Independent Disks (низа од повеќе независни дискови, слоб. прев.) или Redundant Array of Inexpensive Disks (низа од повеќе евтини дискови). Падот на цените на хард дисковите во последните години проследен со рапидниот раст на капацитетите како логично толкување го наметнува второто (кое, патем речено, е и општо прифатено), па во овој напис ќе го прифатиме и ние. Макар што е потполно сеедно и - небитно.
Појавата на RAID концептот датира уште од дамнешната 1987 година, кога тројца ентузијасти од Berkeley, Калифорниски универзитет, дошле на идеја да искомбинираат повеќе мали, евтини физички дискови во низа која ќе функционира како еден логички диск, а кој ќе овозможува подобри перформанси, поголема употребливост/расположливост на податоците во споредба со поединечните и скапи дискови со поголем капацитет (SLED, Single Large Expensive Disks).
Во продолжение на текстов ќе погледнеме какви RAID полиња постојат и со кои од нив најчесто се сретнуваат корисниците, односно постојат како опција на матичните плочи.

RAID 1 овозможува продолжување на работата во случај на отказ на примарниот диск

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.