Рубрика: Аудио и видеотехника
C10 HD – современа миксета за директно емитување
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тонската миксета C10 HD на познатата фирма SSL (Solid State Logic) претставува извонредна комбинација на задоволување на многуте спротивставени потреби во поглед на физички димензии, цена и перформанси. Миксетата нуди добра стабилност во експлоатацијата и перформанси приспособени за директно емитувана програма, со вешто упростен дизајн и лесна оперативност. Сето тоа е спакувано во облик кој може секого да задоволи и во поглед на цената и во поглед на компактноста. Миксета е развиена на темелите на C100 HD, аудиомиксета позната по својата стабилност и издржливост, со обновено процесирање на сигналот и интуитивен кориснички интерфејс.

C10 HD е резултат на дводецениски радиодифузен развој на аудиомиксети од страна на експертите на компанијата SSL. Во неа е вградено наследство и дизајн приспособен на специфичните услови во радиодифузното опкружување каде работат голем број луѓе со различни улоги и нивоа на познавање на аудиопроблематиката и на кои им е потребна квалитетна аудиомиксета.
Предностите на C10 HD се темелат на големиот успех на C100 HD миксетата, но сега со обновеното процесирање на сигналот, аудиомиксета е направена со можна конфигурација и за најмалите буџети на радиодфиузниот пазар. Оваа аудиомиксета е како измислена за емисии кои се емитуваат во "живо". Но, да видиме зошто е тоа така и на што се должи тоа. Кои се нејзините....

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.