Рубрика: Аудио и видеотехника
STEINWAY SPIRIO r – фасцинантен спој на уметност и најсовремена технологија
Автор: Димац Митковски
Објавено на 12.12.2022 - 12:45

Steinway Spirio r

Кон крајот на септември наидов на следната информација:”Иднината пристигна во Белградската филхармонија. Нашата куќа е прва во регионот што е горд сопственик на најексклузивниот инструмент на денешницата – STEINWAY SPIRIO r, кој претставува револуционерна комбинација на уметност и врвна технологија. Брендот STEINWAY & SONS е ненадминат по својата извонредност, но со најновиот модел на пијано SPIRIO r, воспоставува комплексен систем на незамисливи креативни можности - пренос во живо на изведби од целиот свет во висока резолуција, како и истовремено снимање на интерпретација и репродукција на самиот инструмент.” 

Steinway ги прави најдобрите пијана во светот повеќе од 160 години. Инжинерската компанија IPS (Intelligent Product Solutions) била ангажирана во техничко длабоко истражување за темелно да го разбере сложениот, традиционален механизам на Steinway клавирите. Тимот соработувал со Steinway за да дизајнира систем што ќе обезбеди револуционерни нови карактеристики без да се жртвува ексклузивниот тонски опсег и бојата на инструментот. Со деталните резултати од ревизијата, Steinway ја искористува нивната внатрешна системска архитектура и машинско инженерство за да ги постави темелите за следната генерација на Spirio. Придружени од комплементарен тим инженери на IPS, тие тргнале да го оживеат својот дизајн. На обемната и робусна музичка технологија на Steinway, инженерите за хардвер и софтвер од IPS внимателно додале вграден систем за контрола со високи перформанси, кој се состои од дистрибуирани мрежни микроконтролери за брза обработка на податоците.

Клучен дел од овој процес е инсталирање на соленоидна шина (електромеханички погон). На магнетната шина, има по еден соленоид за секој клавиш.

Сензорите и системот за контрола се вградени во инструментот без да влијаат на способноста за репродукција или звучните карактеристики. Со цел автентично да се репродуцираат нијансите на оригиналната изведба, контролорите обезбедуваат прецизно временско траење во процесот на водење записи во повеќе чекори, обезбедувајќи го точното време и динамика на настаните. Брзината на чеканчињата и пропорционалното вртење на педалите се следат стотици пати во секунда. Хардверот за снимање со висока резолуција ја доловува изведбата на изведувачот обезбедувајќи прецизна репродукција на динамиката, времетраењето и движењата на педалата. Но, освен науката за развојот, вистинската магија на Spirio произлегува од неговата целосна интеграција со вистинската музичка продукција во студиото за снимање и постпродукциските алатки на Steinway каде снимајќи илјадници часови, стотици уметници од светска класа обезбедуваат детално и нијансирано тестирање на изведбата за да се изградат фино нагодените алгоритми вградени во Spirio. Големото вложување време и енергија на Steinway во линијата Spirio очигледно се исплатеше, бидејќи сега една третина од сите продажби на Steinway се Spirio.

По ригорозни истражувања и тестирања, изданието за репродукција на Spirio (Spirio Play) првпат се појави на пазарот во 2015 година. Потоа, во 2019 година, Steinway го претставува Spirio r, кој може и да репродуцира и да ја снима изведената музика на пијаното со висока резолуција за подоцнежна репродукција.Со цел да се постигне снимање со висока резолуција, Spirio имал 1020 нивоа на брзина на клавишите и чеканчињата, заедно со 256 позиционирања на педалите. Тој е револуција во уметноста и технологијата за пијано благодарение на неговите лесни начини за снимање, уредување и споделување изведби на пијано. Изведувачот што свири Spirio r може да снима и уредува свои снимки со истиот квалитет со висока резолуција како што добива Steinway изведувач од снимање во професионално студио.

Spirio користи напреден електромагнетен систем за да ја олесни репродукцијата со висока резолуција

Spirio располага со уникатна и растечка музичка библиотека од преку 4300 изведби со висока дефиниција, некои дигитално преработени снимки од Steinway Artists од минатото и други од денес. Секој месец, 4 до 6 часа музичка содржина од светска класа автоматски се додаваат во вашиот Spirio. За разлика од технологиите за плаќање по песна, сопствениците на Spirio уживаат во огромна библиотека со висока резолуција без доплата.

Покрај овие фактори, останува уште еден фактор - цената. Spirio моделите започнуваат од околу 113 000 американски долари и достигнуваат над 200 000 американски долари (во зависност од големината, карактеристиките и завршницата). Моделот Spirio Play додава дополнителни 27 500 долари на цената на клавирот Steinway Model M или Model B. Поновиот Spirio r, со додадената технологија за снимање и уредување со висока дефиниција, додава вкупно 45 000 американски долари на новиот Steinway Grand Model M, B или D (Model D Spirio е достапен само во Spirio | r верзијата).

Една од главните карактеристики на Spirio е споделување на изведбата на далечина
Клучни зборови:
Steinway Spirio r

Steinway Spirio r

Steinway Spirio r

Steinway Spirio r

Spirio користи напреден електромагнетен систем за да ја олесни репродукцијата со висока резолуција

Spirio користи напреден електромагнетен систем за да ја олесни репродукцијата со висока резолуција

Клучен дел од овој процес е инсталирање на соленоидна шина (електромеханички погон).На магнетната шина, има по еден соленоид за секој клавиш.

Клучен дел од овој процес е инсталирање на соленоидна шина (електромеханички погон).На магнетната шина, има по еден соленоид за секој клавиш.