Емитер 8-9/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Неколку факти за подмачкувањето; Мултиспектрална слика на галаксијата М101; 52-километарски колајдер до 2028 година во Кина?; Нов изглед за Google Docs, Sheets и Slides; Олимписко злато во роботика за седмоодделенецот Матеј Предовиќ; Биохемиски анализи со мобилен телефон?; Зошто месечината покажува две различни половини?; Cambridge Audio Azur 851D; Стабилен напон со помала печатена плочка?!; Пристигна првиот осумјадрен десктоп процесор од Интел; Black Hole мобилен телефон; Фотографија на квантен начин, молам!; Светски средношколски олимпијади и резултати; Биолошки пејсмејкер; Разобличување на лажните екстрасоларни планети; Нов high-end звучник од домашниот Audio Expert; Превоз во Хелсинки без приватни автомобили
Зошто месечината покажува две различни половини?
Кога во 1959 година вселенската сонда Луна 3 обиколи околу Месечината и испрати фотографија од нејзината задна страна, невидлива од Земјата, космолозите веднаш забележале дека двете половини од Месечината, видливата и невидливата, покажуваат различна слика на нивната површина.
Имено, површината на невидливата страна од Месечината (ќе ја нарекуваме подалечна страна од Земјата), за разлика од видливата страна, (ќе ја нарекуваме поблиска страна до Земјата) е многу порапава и се чини дека е ишарана со повеќе кратери од удар на астероиди. Но, главната разлика е во тоа што на подалечната страна речиси нема т.н. “мориња”, всушност израмнети депресии кои асоцираат на дно од океани и мориња. На подалечната половина тие зафаќаат само 1% од вкупната нејзина површина, додека на поблиската половина тие зафаќаат дури 31,2% од нејзината површина (види ја сликата во прилог).
Причината за таквата разлика научниците ја поврзуваат со разлика во геохемиската структура помеѓу двете половини. Имено, со спектрометарот на гама-зраци Lunar Prospector е утврдена голема концентрација на радиоактивни изотопи на поблиската страна, а кои ги нема на подалечната страна. Тие изотопи делуваат како термогенератори, па продуцираат топлина која ја загрева површината, и со тоа ја омекнува нејзината корка. Тоа омекнување полесно ги “апсорбира” ударите од астероидите, а местата на ударите делумно ги прекривала течна лава којашто се излевала од вулканите. Поради тоа, се чини дека на поблиската страна има помал број кратери, меѓутоа, со екстремно прецизна анализа, направена од страна на Институтот за физика во Париз, Франција, утврдено е дека двете половини од Месечината претрпеле еднаков број удари од астероиди.
Останува уште прашањето од каде потекнуваат радиоактивните материјали на поблиската страна на Месечината? Тука научниците се повикуваат воглавно на две решенија. Според првото, тие материјали потекнуваат од некоја гигантска вулканска ерупција, којашто се случила во почетокот на Месечевата историја, а според второто решение, тие радиоактивни материјали се остаток од судир на Месечината со некој нејзин помал придружник, којшто таа го имала во прво време. Тој нејзин придружник потекнувал од истиот првобитен материјал од кој е формирана самата Месечина, а бил исфрлен во орбитата околу Земјата со удар на голем астероид во неа!
Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.