Емитер 11/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Антикрепускуларни зраци;
Електрична струја од алги;
Знаевте ли дека...;
Слоновите се многу умни;
Скенер на "Canon" кој скенира 80 страници а3 во минута;
ОСОРБ – универзален чистач од стакло;
Сите ѕвезди се раѓаат исто?;
Зошто човекот го загубил своето крзно?;
Првиот хрватски суперспортски електроавтомобил;
Екипа од ФЕИТ освои златен медал на меѓународен натпревар во Србија;
Професионални звучници Wharfedale Pro;
Лансирана кинеската "космичка лабораторија" Тијангонг 1;
Екран на допир преку ракавици;
Мозокот на пчелите побрз од компјутер;
Презентација на Adobe Premiere Pro 5.5;
Кометата Еленин се распадна;
Лансирана првата ракета-носач Сојуз од Куру, француска Гијана;
Алтруизмот може да се објасни со природна селекција;
Отворено натпреварување во пластично макетарство "NAISSUS 2011"
Антикрепускуларни зраци
Што претставуваат овие светлински зраци? Дали оваа фотографија е конечната потврда за слетување на вонземјаните на Земјата? Се разбира дека не, ;-).
Иако глетката навлегува во доменот на надреалното, на неа, сепак, не се случува ништо необично - се работи за обично зајдисонце и неколку облаци коишто сосема случајно се нашле на вистинските места. Стручното име за ова спектакуларно лајт-шоу е антикрепускуларни зраци. За подобро да ги разберете, замислете ги обичните, крепускуларни, зраци кои секогаш ги гледате кога сонцето се пробива низ наоблаченото небо. Иако сончевата светлината патува праволиниски, проекциите на овие линии на сферичното небо се проектираат како големи кругови. На овој начин крепускуларните зраци при зајдисонце (односно при изгрејсонце) ќе изгледаат како повторно да се среќаваат на другата страна од небото. Во точката којашто се наоѓа точно наспроти точката во која зад хоризонтот заоѓа сонцето (односно на точно 180о од оваа точка) тие се нарекуваат антикрепускуларни зраци.
Н. Стојановска
Зошто човекот го загубил своето крзно?
Зошто на човекот му недостасува крзното, кое во дамнешно време го наследил од своите предци, човеколиките мајмуни? Во обид да одговорат на тоа прашање биолозите еволуционисти составиле 3 различни хипотези. Во сите тие 3 хипотези сè се врти околу идејата дека откако се одвоил од заедничкиот предок со неговиот најблизок жив роднина - шимпанзото, човекот во текот на својата еволуција од околу 6 милиони год., станувал сè помалку влакнест поради извесни погодности. Суштината на тие 3 хипотези ни ја објаснува Марк Пегел (Mark Pagel), водач на група биолози еволуционисти од Универзитетот Рединг (Reading), Англија, па да ги проследиме.
Првата хипотеза претпоставува дека во еден период од пред 6 до 8 милиони год. нашите мајмунолики предци поминале низ еден т.н. "полуводен" (semiaquatic) начин на живеење, консумирајќи храна од плитки води. Бидејќи крзното не е ефикасен топлински изолатор во вода, развојот на нашите предци се движел во насока да го заменат крзното со телесно сало, како што е и кај другите "водни" цицачи: Но, палеонтолошки знаци за некоја полуводна фаза низ која поминал човекот нема!
Втората хипотеза претпоставува дека загубата на крзното кај нашите предци била корисна за да се овозможи подобра контрола на нивната телесна температура. Имено, отпрво нашите предци живееле во студени шумски предели, но подоцна тие сè почесто излегувале од шумите и крстареле во топлите сончеви савани. Но, хоминид со крзно на себе, движејќи се бипедално (исправен на две нозе), би се прегреал во топлите савани, па приспособувајќи се за живот во новата средина, нашите предци еволуирале кон постепено губење на нивното крзно. Идејата изгледа разумна, но, сепак, таа содржи еден парадокс: отсуството на крзно кај нашите предци можеби им го олеснувало нивниот престој во саваните во текот на жешките денови, но во студените ноќи, какви што се во саваната, крзното добро би им дошло!
Третата хипотеза се чини има најмногу поддржувачи, помеѓу кои се и Валтер Бодмер (Water Bodmer) од Универзитетот во Окфорд, и горенаведениот Марк Пегел, авторот на оваа информација. Според таа хипотеза, природната селекција фаворизира тело без влакна поради намалување на опасноста од разни надворешни паразити. Имено, крзното им нуди безбедна егзистенција на ектопаразитите, како што се крлежите, вошките и др., кои освен што иритираат, пренесуваат и болести кои можат да имаат фатални последици. Како надоместок за изгубеното крзно човекот еволуирал во суштество способно да си обезбеди облека и така да се заштити од студ без загрозеност од ектопаразитите.
Петар Лагудин
Екипа од ФЕИТ освои златен медал на меѓународен натпревар во Србија
На VII Меѓународен натпревар Hardware & Software, H&S 2011, што се одржа од 24 – 28 октомври 2011, на Факултетот за технички науки во Нови Сад, Србија, екипата на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Скопје, го освои првото место.
Тимот го сочинуваа студентите: Игор Симевски, Мартин Цветковски, Лазо Димитриевски и Стојан Матески, а тимот го предводеа Дарко Цветковски и Бранислав Геразов, под менторство на проф. д-р Гоце Арсов, сите при Институтот за електроника на ФЕИТ. Македонските претставници со својата посветена и напорна работа успеаја да победат во силната конкуренција меѓу седум екипи од Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија и да го освојат првото место на овој значаен натпревар од меѓународно ниво.
Задачата на натпреварувачите беше да се направи систем базиран на роботската платформа RP6, за автономно истражување на непознат терен, слично на Марс роверот. За таа цел, требаше да се употребат низа на сензори и уреди за ориентација и комуникација: RFID читач, жироскоп, GPRS модем, инфрацрвени сензори, dsPIC и ATMEGA32 микроконтролер. Целиот систем требаше да биде контролиран од Команден центар реализиран на персонален компјутер. (http://www.dee.uns.ac.rs/hs-ns/)
Со оваа победа, тимот од ФЕИТ го докажа како сопственото високо ниво на подготвеност и квалитет, така и високиот квалитет на образовниот процес на ФЕИТ.
Повеќе слики и детали за натпреварот читателите може да се најдат на http://www.dee.uns.ac.rs/hs-ns/.
Кометата Еленин се распадна
Кометата Еленин за која многу "пророци" тврдеа дека ќе донесе крај на светот се распадна во парчиња мраз и стена со дијаметар помал од десет метри. Како и сите комети, така и Еленин е составена од слабо поврзани парчиња воден, амонијачен и мраз од јаглерод диоксид, како и прав и камења. Во стручните кругови уште од откривањето на кометата се расправало дали топлината од Сонцето ќе испари доволно мраз за да се распадне кометата, иако некои научници на шега забележале дека причина за распаѓање на кометата се "негативните вибрации" од страна на различните "пророци". Парчињата преостанати по распадот на кометата Еленин ќе продолжат да ја следат патеката на кометата пред распадот. На сликата е прикажана патеката на кометата Еленин до распадот, како и патеките на сондите STEREO, Epoxi, Juno, како и Шпицеровиот (Spitzer) космички телескоп во Сончевиот систем. Сликата на која е претставен облакот со остатоци од кометата Еленин направена од астрономот аматер Роландо Лигустри може да се види на адресата:
https://picasaweb.google.com/107386404051271210368/CometeDiRolandoLigust...è5666296035910135586
Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.