Рубрика: Информатика
Интерактивна табла – концепт на новото време
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Веќе пишувавме за PROMETEAN ACTIVEBOARD интерактивната табла чувствителна на допир, која одлично може да послужи како во едукативни, така и во презентациски и други цели. Неполни две години подоцна пред нас е видувањето на SAMSUNG на оваа тематика.

Брзиот развој на LCD технологијата во последните неколку години, освен со растот на дијагоналите резултираше и со имплементација на други технологии кои до неодамна никој и не ги поврзуваше со мониторите. Чувствителноста на допир, на пример. Срамежливите пионерски чекори кај оваа симбиоза се сведуваа на ракување со менито и, во мал број случаи, со наменски софтвер. Поентата на таквата имплементација беше главно во маркетинг цели, за што овие монитори првенствено беа наменети. И денеска, бројот на модели на такви монитори е скромен, а нивната намена ограничена, но тоа е сосема разбирливо.
Едукацијата е една од нив, а SAMSUNG излезе в пресрет со серија наменски модели. Комбинирањето на стандарден LCD монитор со екран чувствителен на допир и наменски софтвер резултираше во идеална комбинација, која процесот на едукција го издигнува на едно ново, повисоко ниво. Интеракцијата која на овој начин е овозможена не само што наставата ја прави поинтересна и го врзува вниманието на учениците/слушателите, туку овозможува и зголемена контрола од страна на наставникот/предавачот, конференциски начин на изведувањето на наставата и ред други опции, како на пример гласање, поединечно задавање на задачи, поединечна интеракција со секој слушател и сл. Да погледнеме за што поточно станува збор.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.