Во оваа вонредна состојба во која се наоѓаме, каде што со исклучок на аптеките и маркетите за храна најголем дел од продавниците не работат, многу од компаниите не се воодушевени што во пребарувањата на Google и мапите сè уште се наоѓаат податоци дека продавниците им се отворени и дека работат според редовното работно време.
Google сака да им олесни на компаниите да бидат означени какo привремено затворени, и токму поради тоа објавил упатство на следниов линк (support.google.com/business/answer/9790266 )
Тоа ќе им помогне на купувачите полесно да ги најдат продавниците кои работат според определеното работно време. Корисниците регистрирани на Google My Business можат да ја одберат на опцијата Close this Business on Google каде што се наоѓаат три опции: Mark as temporary closed (обележи како привремено затворено) Mark as permanently closed (означи како постојано затворено) и Remove Listing (отстрани од прикажувањата).
За промена на означувањето на работното време на компанијата посетете го овој линк. (support.google.com/business/answer/6303076 )
Google апелира до компаниите да ги направат овие измени за да можат нивните клиенти полесно да ги најдат.