Емитер 9/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Да се замени со нов термовентилот онака без доказ за неговата неисправност, така рутински некако и како по инерција според онаа народната "ново си е ново" или "нема да ризикувам со стариов термовентил" е премногу неодговорно, а за професионалните автомеханичари е крајно неприфатливо. На таквиот автомеханичар слободно може да му се залепи етикетата дека е непрофесионален и со таквото негово перманентно однесување автомеханичарските денови сигурно му се одбројани. Затоа во овај напис, во кратки црти, ќе го изложам начинот на проверка на исправноста на термовентилот, со што сигурно и со доказ ќе дознаеме дали истиот е исправен или не. Овој метод може да се примени речиси кај сите типови на термовентили применети кај системите за водено ладење на автомобилските мотори со внатрешно согорување.
Ако моторот не може да ја постигне нормалната работна температура или многу доцна ја постигнува, тогаш најчесто причината треба да се бара во неисправниот термовентил кој е заглавен во отворена положба. Исто така, ако за релативно кратко време по стартувањето на моторот работната температура на разладната течност се качи на црвено поле (состојба непосредно пред вриење), и во тој случај најчесто причината треба да се бара во неисправниот термовентил кој не може да отвори, т.е. да воспостави проток на разладната течност. Ова се крајни и релативно "чисти" ситуации кој лесно се воочуваат. Помеѓу постојат безброј меѓусостојби, кои можат да направат значителни проблеми во нормалното функционирање на системот за водено ладење. За да се елиминираат сите овие недоумици, се демонтира термостатскиот вентил и се преминува кон проверка на неговото функционирање. Потребен прибор: решо за кафе, ѓезве, пинцета (или жица) и термометар до 100°C.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.