Рубрика: Архитектура и градежништво
Заштита на градежните конструкции од прегрејување во летниот период
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога зборуваме за топлинска изолација на зградите, веднаш асоцираме на намалување на топлинските загуби во зимскиот период, сè со цел, со што е можно пониски финансиски трошоци за греење да обезбедиме удобна внатрешна микроклима. Меѓутоа, во летниот период се случуваат топлински добивки однадвор, кога надворешните температури се значително повисоки од внатрешните, потребни за удобен престој во просториите. За да обезбедиме комфор и во овој летен период, потребни се финансиски средства за функционирање на уреди за ладење, кои работат на електрична енергија. Во многу земји од Јужна Европа, потрошувачката на електрична енергија во летните месеци ја надминува потрошувачката во зимските месеци. Ова се должи токму на зголемената употреба на уредите за ладење.

И покрај тоа што регионот на Република Македонија е мал, хетерогеноста на климатските услови на овој простор е многу голема. Постојат различни климатски и подклиматски региони кои се комбинација од трите главни региони: медитерански, континентален и алпски. Како последица од ваквата разновидност се јавуваат големи разлики помеѓу екстремните летни и екстремните зимски температури. Овој факт мора да се има предвид при димензионирање на топлинската изолација на објектите наменети за престој на луѓето. Ако одредена градежна конструкција има задоволителна топлинска изолација во поглед на зимските услови, тоа не значи дека конструкцијата истовремено ќе обезбеди и удобна микроклима во летните месеци.
Според еден од важечките стандарди во Република Македонија (МКС У.Ј5.530), сите надворешни нетранспарентни градежни конструкции мора да задоволат два основни критериуми во поглед на топлинската изолација во летниот период: т.н. фактор на задушување на надворешните температурни осцилации и време на задоцнување на ефектите на овие осцилации во внатрешноста на објектот. Пропишаните критериуми зависат од видот на конструкцијата (ѕид, рамна или коса покривна конструкција) и од нивната ориентација кон страните на светот. Нормално е дека за конструкции со јужна или западна ориентација барањата се многу построги. Меѓутоа, најстроги се за покривни конструкции кои поради директниот агол на упадните сончеви зраци најмногу се изложени на летното интензивно сончево зрачење.

Изолација на потпокрив

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.