Рубрика: Аудио и видеотехника
Поставена веб-камера на Монт Еверест
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Монт Еверест – колку е висок толку е и опасен за искачување, велат оние кои имаат можност, храброст и искуство да ги доживеат височинските возбуди. Илјадници алпинисти буквално го ризикуваат својот живот со цел да ја доживеат таа возбуда искачувајќи се на врвот на светот. Денес, неколку децении по Едмунд Хилари првиот алпинист којшто се искачил и го освоил овој врв, секој може да види како изгледа животот таму и да му се восхитува на пејзажот на висина од 8850 метри, седејќи во својата топла соба. За што станува збор? За да дознаете прочитајте го текстов до крај.

Тим од научници од Непал неодамна инсталирал веб-камера со висока резолуција на една планина во непосредна близина на Монт Еверест, која ви ја покажува глетката како да се наоѓате таму. Веројатно се чудите и се прашувате што камера ќе е тоа која опстанува и дава квалитетен тон и видео на такви екстремни услови и височини?!

Станува збор за камерата M12 Mobotix направена од специјална отпорна пластика, која се прави и во секјурити верзија и се користи во подземни и надземни огромни гаражи, библиотеки, трговски центри, паркинзи итн. Такви камери има поставено и во библиотеката во Ватикан.

Си седите дома и си гледате "во живо", како да сте таму на лице место. Си го гледате светот на дланка и уживате во амбиенталното аудио! Убаво нели? Но, сето ова доведува до едно интересно прашање. Ако научниците се во состојба да инсталираат камера на вакви опасни места како што е Монт Еверест на Хималаите, преку вакви и слични камери би можеле да се гледаат и други интересни делови од светот. Ако веќе има поставено вакви или слични камери на одредени сателити и вселенски станици, еден ден веројатноќе се постави камера и на Месечината. Можностите се неограничени...

Клучни зборови:

Глетката која ја снима камерата поставена спроти покривот на светот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.