Емитер 11/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
За тестирање на извори за напојување и трансформатори е неопходен потрошувач, и тоа променлив по можност. Неколку отпорници со голема моќност најчесто завршуваат работа. Овој начин не секогаш е изводлив, а никогаш не е безбеден. Електронскиот товар што ви го нудиме е далеку поприфатливо решение. Ако ништо друго, сигурно нема да ве "дрмне" струја.
Струјата на колекторот на еден транзистор е функција од падот на напон на спојот база-емитер, односно функција од неговата базна струја. Со регулација на струјата на базата, транзисторот станува потрошувач со "отпорност" која може да се менува практично од нула па сè до бесконечност и моќност која зависи исклучиво од термичките карактеристики на транзисторот и начинот на кој се лади.
Десетина моќни транзистори го сочинуваат потрошувачот во овој уред. Струјата на оптоварување на уредот е збир на колекторските струи на сите транзистори. Топлината што притоа се ослободува од транзисторите се извлекува од уредот со вентилатор. Бидејќи падот на напон на спојот база-емитер со кој се дефинира струјата на базата на транзисторот се менува со температурата на транзисторот (типичната вредност се движи помеѓу 2mV/ºC и 8mV/ºC), за побуда на транзисторите се користи операциски засилувач кој врши регулација, односно пеглање на базната струја.
Електронскиот товар може да работи како потрошувач со константна струја на оптоварување или како потрошувач со константна отпорност. Во првиот случај струјата на оптоварување останува константна независно од напонот на неговите приклучоци. Во вториот случај, струјата на оптоварување зависи правопропорционално од приклучениот напон. Во уредот е вклучен и генератор на триаголен и правоаголен сигнал, кој овозможува модулација на струјата на оптоварување. Конечно, преку BNC-приклучок струјата на оптоварување може да се модулира со произволен надворешен сигнал.
Моќност: 200W; max 500W со форсирано ладење;
Режими на работа:
- константна струја (Iconst)
- константен отпор (Rconst)
Влезна отпорност: 0,25 ÷ 80 ома во режим на константен отпор;
Напонски опсег:
- DC влез: 4Vdc ÷ 60Vdc
- AC влез: 3Veff ÷ 40Veff ; 50Hz
Струја на оптоварување:
- DC влез: max 20Adc
- AC влез: max 14Aeff ; 50Hz
Транзистори: BD239C, 2N3055;
ИК: TL074, LM 358;
Трафо: 230 V/12V/1A;
Релеј: 230 Vac;
Термички прекинувачи за 75°C и 95°C
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.